Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
3435

Мама и тато не знаат дека се изгубив

Седумгодишно кумановче вчера попладне остана само и заборавено пред Универзална сала

Седумгодишно момченце вчера попладне остана да стои само и заборавено пред Универзална сала во Скопје. „Утрински весник“, кој се најде на местото на настанот и разговараше со детенцето, откри дека станува збор за ученик во второ одделение во Основно училиште „Толи Зордумис“ од Куманово, кое со своите соученици допатувало во Скопје за да присуствува на најновото издание на детскиот фестивал „Златно славејче“.

Испаниченото и вознемирено второодделенче со иницијали Д.А. го пронашол случаен минувач, кој веднаш го однел во билетарницата на Универзална сала. „Детето беше малку испаничено. Му реков за ништо да не се грижи, ако треба и јас лично ќе те однесам дома, во Куманово“, ни изјави вработената на билетарницата на Универзална сала, која вчера попладне прва му помогнала на изгубеното дете.

„Влегов во блиската продавница за да купам чипс. Кога излегов, го немаше ни автобусот, ни учителката, ни другарчињата“, ни кажа Д.А., кој во моментот кога го најдовме во испразнетата и речиси темна Универзална сала се' уште го дојадуваше чипсот. Седеше сам во ќоше на едно од столчињата, а во салата беа и луѓе од организацијата, кои ја собираа техничката опрема по завршување на дневните фестивалски претстави.

„Мама и тато не знаат дека се изгубив. Првпат доаѓам на ’Златно славејче‘ и песните многу ми се допаднаа“, ни објасни детенцето додека организаторите на фестивалот се обидуваат да ја лоцираат наставничката од Куманово, која си го заборавила својот ученик во Скопје. Тие не' уверија дека нема место за паника и дека ако не се врати автобусот со ученици, лично ќе го однесат кај неговите родители во Куманово. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 4820 пати.

Испрати коментар

Од: goka mak
Датум: 13.11.2010 13:26:02
Nastavnickata pod itno da se suspendira ako ne e sposobna da se grizi za svotie ucenici ne i e mestoto vo obrazovanie
Од: slajd
Датум: 13.11.2010 14:38:25
ucitelke, a da si gi preobroevte decata pred tyrgnuvanje?! sreka sto deteto naislo na normaslni i blagorodni luge..inaku..sto ke slucese??
Од: Бунтовник
Датум: 13.11.2010 14:45:48
Луѓе, какво е оваа неодговорност,детенце од 7 годишна возраст заборавено од наставничка која треба ,не да ги чува и пази децата, ами стравот во коски да му влезе од таква одговорност за која е платена . Како психолошки ќе се одрази оваа случка на детето,имајки предвид да има само 7 год.? Зарем е можно вакво нешто ,па и да се направил пропуст ,за највеке 10 минути требале да се алармираат и да се вратат по детето.Сигурно дека секој нормален човек не би го оставил детенцето ,и безбедно би го вратил во Куманово ,во тоа нетреба никој да се сомнева,но наставничка на која и` е доверена оваа екскурзија ,сериозно треба да се замисли ,и да свати дека за 4 саати колку што е ангажирана во учили��те , лекар во болница има примања блиску до наставник, со 8 часовен ангажман и работа со ризик за човечки живот.Срамота.
Од: skopjanka
Датум: 13.11.2010 15:54:41
fala bogu deteto sto go nasle sovesni lugje. Gretoka dusice, koj znae kolku se uplasilo. A taa ucitelka da se otpusti po itna postapka i da ne i se dozvoli daraboti povekje so deca. Nesovesno stvorenje !!
Од: mila
Датум: 13.11.2010 22:57:29
Nastavnickata se drznala da mu bara pari na deteto za karta zasto morala da se vraka po nego .Krajno drsko i bezobzirno mu se izrazvikala . Ovaa go prenese isplasenoto detence na svojata majka
Од: професорка
Датум: 14.11.2010 17:45:56
Кога се чита ваков настан е навистина многу страшно...Особено во време кога сакаме секој секого да линчува... Јас сум во оваа бранша и можам да кажам дека секому може да му се случи вакво нешто. А и се случува постојано, но еве овој настан ќе биде медиумски покриен. Во овој случај станува збор за многу искусна учителка, која секоја година води деца и на летување и на зимување...ама ете се случува и на најдобрите и на најискусните. Немојте да мислите дека оправдувам, далеку од тоа, само апелирам да се одбегне линчувањето!!! За пофалба е новинарот(новинарката) К.Ш. кој(а) за експресно време стасал(а) на настанот и направил(а) вест еднаква на веста за „докторките од фејсбук“ од минатата година. На едната докторка веднаш и беше уништена кариерата. Сега можеби и на оваа учителка, ако не кариерата, тогаш животот барем наредните година дена ќе и биде уништен. Ме интересира дали новинарите имаат кариери во подем на сметка на уништување на туѓи кариери!!!
Од: Jelena
Датум: 14.11.2010 19:20:04
A dali vie pocituvani roditeli se zagrizivte deka vasite deca treba da pocituvaat avtoritet na vozrasen? Osobeno ako e toa vtoriot roditel koj "samo 4" casa vo tekot na denot treba da vospituva nevospitani i voobrazeni deca na roditeli koi se 'prezafateni' i na roditelski sostanok da dojdat??? A da ne zboruvame koga stanuva zbor za problem!!! Togas vasite deca se prvi koi treba da se zastitat. Kako ne vi e sram??!! Ako decata se idninata na nasata drzava, povedete smetka dali vie kako roditeli se grizite za idninata na svoite deca? Kolku vreme vie trosite na svoite deca?? Ili ste tuka samo da go pogalite i da go ohrAbrite od tipot: "Mama/tato ke i kaze na ucitelkata!!!" Se zaprasavte li kako deteto se naslo nadvor od grupa? Sto pravelo deteto bez svoite drugarcinja i dali znaete voopsto deka UCENIKOT (znaeme kako treba da se odnesuva) nitu ja prasal nitu pak i se javil na taa ucitelka deka ke izleze da si kupi cips, iako veke bil prebrojan???
Од: Ја
Датум: 14.11.2010 20:25:35
Сигурно кога тргнувал автобусот учителката рекла: „Кој не е тука нека се јави“ - децата си се изнасмеале но останало едно уплашено детенце во нашата ни метропола.
Од: mene
Датум: 15.11.2010 00:32:12
Ziveam vo stranstvo. I ovde se organizirat ekskurzii za mali deca no zakonski e na sekoi 5 ucenika da ima eden vozrasen. Se bara volonteri od roditelite ako koi ke pomognat na ucitelite bezbedno da se izvede ekskurzijata. Ne go opravduvam slucajot no treba vo vakvi slucai malku posovesno da se razmisli i roditelite sekogas da priteknat vo pomos. Sekako deka eden ucitel ne moze sekogas da bide na site mesta,

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Маја Томиќ
Глобалист
Љупчо Поповски
Поглед
Мирче Јовановски
Мислења
Назми Малиќи

Викторија од Шведска
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?

Синди Крафорд
Секс само по распоред

 


Borisov to shut down Bulgarian Academy of Science
No last-minute miracle for Macedonia's Nato entry
Slovenian bank saga finally draws to an end