Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Модерни робови

Маја Томиќ

Келнери, шанкери, градежници, продавачи, хигиеничарки, текстилци, столари, сервисери, домаќинки, пензионери, факултетлии... и која ли уште не професија. Невработени со години, но и вработени. Со ниска плата. Млади или постари.

Ги има насекаде околу нас. Не знаеме колку се, но се многубројни. Тоа се таканаречените работници на црно. Работат за 200, 400, најмногу за 800 денари дневница. Ако има газдата да ги плати. Ако каже дека нема, ќе останат и без тие пари. Немаат работно време, немаат право на одмор, работат и викенди и празници, повеќето немаат ни столче за да седнат, ниту греење преку зима. Прифаќаат секакви услови, само за да заработат некој денар повеќе и да не седат дома. Покорни се, работат се' што ќе им се каже и молчат за секоја навреда или физичко малтретирање од работодавецот. Ако се бунат, ќе бидат избркани, без око да му трепне на газдата. Па, барем невработени има колку сакаш, веднаш ќе се најде друга таква жртва.

Сите знаат за овие таканаречени модерни робови на денешницата, пред кои секоја власт мижи и ги толерира заради социјален мир. Тие се посочуваат како виновници за сивата економија. Статистиката вели дека ги има над 100 илјади, Синдикатот посочува дека се двојно повеќе. И Владата цени дека околу 30 отсто од вработените и од невработените се во сивата економија, што би значело дека ги има и повеќе од 200 илјади.

Во земја во која владее невработеност од 320 илјади, а на пазарот не се наоѓа работа со години без разлика на образованието, каде што сиромаштијата е пресметана на 31,1 отсто, има околу 50.000 социјални семејства со по 50 евра месечен надомест, а реалните просечни плати се околу 200 евра, пензиите се и помали, како поинаку да се преживее ако не со работа на црно. Секој се снаоѓа како што знае и умее за денар повеќе.

Затоа се поставува прашањето, дали вината за сивата економија е кај луѓето или е во власта, на која не и' успева да создаде услови за нови, легални вработувања. Со високи парични казни од 5.000 евра не може да се реши проблемот. Ниту со засилени инспекциски контроли, ни со разни кампањи за анонимни пријавувања. Во практиката се покажа дека тоа има слаб ефект. Секоја акција на трудовите инспекциите по фирмите само потврдува дека се' уште е голем бројот на нелегалните работници. Изгледа како никој и ништо да не може да ги спречи работодавците постојано да ангажираат нелегални работници. Па, без разлика на ризикот од плаќање казна.

И така со години сите учесници во сивата економија циркулираат во некој круг од лични ставови и интереси. А, всушност, сите се во загуба. Работникот, секако, најмногу, но губи и работодавецот. Затоа што повеќе профит може да му донесе образован работник, задоволен од платата и од својот статус во фирмата. На крајот, губи и државата, бидејќи вработувањата на црно создаваат нелојална конкуренција на пазарот, а поради неплаќањето на придонесите, не се инкасираат пари во државните фондови.

Сивата економија не дојде преку ноќ, туку се роди и растеше заедно со транзицијата, која во стартот остави без работа над 100 илјади луѓе. Затоа и работите не можат да се сменат преку ноќ, но треба да почне конкретно да се работи на проблемот.

Многу е јасно дека мора да се намали невработеноста, а тоа ќе се случи кога состојбите во економијата ќе бидат такви што ќе им овозможат на домашните фирми да остваруваат поголеми профити и автоматски да можат да отвораат нови работни места. Зборуваме за реални вработувања, не оние во администрацијата со кои се фали Владата.

Со повеќе вработувања ќе паѓа и сивата економија со која сме рекордери во Европа. Таа во Македонија зафаќа околу 40 отсто од БДП, а европскиот просек е 5 отсто. Горе-долу, во земјите на ЕУ таа се движи максимум до 15 отсто, што и не треба да чуди ако се има предвид дека станува збор за развиени економии со кои ние уште долго време нема да можеме да се споредуваме.


#
Статијата е прочитана 1369 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 18.11.2010 12:41:55
Се ова што се случува во РМ е со благослов на бладата.Таа си е задоволна од донаците на работодавците и не сака да им згреши.Во некои земји ова се нарекува рекетарство.Бладата во обичниот граганин гледа само како обичен гласач кој може да го изманипулира пред изборите.Работодавците кои ги дават дневниците на напатениот народ се приближуват со дневниците во Куба.И некој ке каже дека тоа било држава која носи и применува закони.Таму каде има вишок а тоа е работната рака нормално ке биде и обезвреднета.Но затоа младите чекат и најмала шанса да побегнат преку граница.Македонија ке биде земја на старци и функционери бизнисмени.
Од: jovan
Датум: 18.11.2010 12:57:06
"Starite" robovi ziveele doma kaj robovladetelot,pa toj bil dolzen da im obezbedi "prevoz"do rabota,krov nad glava,hrana,plakal cuvari da ne mu pobegnat...Modernive robovi sami si doagaat na rabota,nikoj ne gi cuva(nema gazdata dodatem trosok),za krov sami se snaogaat,a i za hrana na nikoj ne mu e gajle dali se gladni ili ne.Zgora na se ako imaat nekoja zasteda,vednas ke im ponudat "brendirana"roba koja e 10pati poskapa od obicnata,ke im ponudat i minus na kartica,pa ke otplaka i kredit i kamati za gluposti."Podobro" nesto od "moderen"rob covestvoto dosega ne videlo.
Од: трајко
Датум: 18.11.2010 15:23:07
Директорката на агенцијата за вработување беше разрешена по барање на министерот за труд и социјала оти немале координација и не покажала резултати во работењето.Има ли поголемо неработење од ова на министерот наведено во текстот.Кој треба него да го разреши.Што чека премиерот.Или тој не е надлежен за него.
Од: ?!
Датум: 18.11.2010 17:11:18
Така е.Тоа е казна,која стигнува после продолжувањето со социјализтичката свест во главата на рајата. Тие кои во социјализмот живеа од режија и потта на оние кои беа во фабричките хали,денес се бизнис елитата,а оние кои спиеа зад хангарите,и подкрадуваа по нешто од ситниот инвентар,алат и прибор сега го наплатуваат цехот.Си ја познаваат тогашните и сегашни преваранти,силата на по��клатената маса,затоа толкава храброст,во нивната немилосрдна експлоатација. Но,како и да е уште малку.Се ќе си дојде на свое место.Ќе си живееме во вториот од двата екстрема.Првиот беше,земај се од богатите за сиромасите.Денес,земај се од сиромасите а за богатите.Не бидуваше првото,не бидува ни денешново.А третото?!Е тоа е во вистинските држави.Со традиција и педигре.Со клучот кој води во рајот.ЕУ.Батали име,батали Балкан.Баталиги разните приказни.Но дали и третиов ќе издржи?!Пуста алчност.А држава?Што беше тоа?!Еве шип...И по Тито,Тито.Како да не!
Од: Цане
Датум: 18.11.2010 21:19:07
Јоване, браво, многу ми се допадна твојот коментар и ако модератарот се согласи го повторувам: "Starite" robovi ziveele doma kaj robovladetelot,pa toj bil dolzen da im obezbedi "prevoz"do rabota,krov nad glava,hrana,plakal cuvari da ne mu pobegnat...Modernive robovi sami si doagaat na rabota,nikoj ne gi cuva(nema gazdata dodatem trosok),za krov sami se snaogaat,a i za hrana na nikoj ne mu e gajle dali se gladni ili ne.Zgora na se ako imaat nekoja zasteda,vednas ke im ponudat "brendirana"roba koja e 10pati poskapa od obicnata,ke im ponudat i minus na kartica,pa ke otplaka i kredit i kamati za gluposti."Podobro" nesto od "moderen"rob covestvoto dosega ne videlo."
Од: Ајван Доктор®
Датум: 18.11.2010 21:59:43
Одличен текст кој говори реално и доста сликовито за состојбите во економијата и за изгубеноста на поимот„капитализам“во наши услови!Приказната е од почетокот на транзицијата и трае дваесетина години.Тоа е сосема доволно ваквиот (умоболен) начин на поседување на трудот да влезе во коренот на самото општество,како главна негова одлика!Имаше дури и легално вработени,кои не добиваа плата со месеци и години.Сè уште има случаи со некакви „волонтери“ (за без пари работници)„хонорарно“,или „по договор“вработени (потполно на црно) во јавни претпријатија,државни институции,министерства... (искористување до максимум)!Што може да се очекува од ваквата „држава“на „прагот на влезот во ЕУ и НАТО“?Апсолутно ништо!За прекумерното богатење на полуписмените новокомпонирани од опинок“газди“,нивната „моќ“и дрска вообразеност...за молкот на искористуваниот современ Роб,кому очите му се замачкани со антика,квазипатриотизам и лажен просперитет,не се доволни ниту повеќе томови,а не пак,просторот за коментар!
Од: Nova parola zivee
Датум: 19.11.2010 10:35:38
Podobro rob, otkolku grob. Trazevte - uzivajte.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ново досие
Странците не одат ни на суд за нашите матни тендери
Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин
Судиите ќе го преиспитаат притворот
Гостивар ќе добие нова спортска сала
Орвел во министерствата
НАТО, што беше тоа?
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?
Кинез доживотно во затвор поради корупција
Сите на и-беј
Секс само по распоред
Бојкот на Нобеловата церемонија во Осло
Неодговорна политика или електорат
Паркер тврди дека не ја изневерувал Лонгорија
Стил
Зоофил осуден на условна затворска казна
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Во Грција има над 600.000 невработени
Македонија непоразена се врати од Корча
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region