Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter

Мислења

Неодговорна политика или електорат

Назми Малиќи

Нова смисла во градењето лидерски авторитет или опстојување на сопствениот интерес без да се навредува другиот

Во теориите на политичкиот менаџмент постои една порака „Добриот политичар треба да ја најде мерката меѓу суштинското и несуштинското, основното и додатното, битното и небитното и да умее да ги планира роковите за да го зачува главниот правец на дејноста“. Следејќи ги медиумските пораки од партиските претставници на Нова демократија и на ДУИ за Законот за попис на населението и вреднувајќи го нивниот однос, како да практикуваат слепа и глувонема комуникација. Иако пораките на НД од протестот не беа доволно јасни, дека рокот кога ќе се спроведе пописот не е толку важен, претставничката на ДУИ се најде во грешка во чекори, погрешно цитирајќи ги пораките од тој настан. Беше надвор од професионалната идеја за политичка информација како збир на факти и тврдења. Пратеничката на ДУИ кажа: „Навистина, ако не се попишеш, не постоиш, затоа ДУИ ги повикува сите граѓани, особено Албанците, позитивно и афирмативно да одговорат на повикот за попис на населението“, а потоа, меѓу другото, потенцира: „ДУИ изразува жалење што една партија, како што е Нова демократија, користи методи, како што се бојкот, уценување или опструкција како начини да се искаже незадоволството спрема политичките проекти“. Како што беа пренесени пораките од медиумите, со протестот се настојуваше да се искаже незадоволство од предложениот закон, а воопшто не стануваше збор за бојкот на пописот.

Да се разбереме, како што е сега состојбата со предложениот Закон за попис на населението, тоа е сомнителен и несреќен политички проект и за ДУИ. Каков политички проект е пописот, кој се предвидува да се изведе во 2011 година, ако се настојува да се наметнат некои нови стандарди, при што една третина од граѓаните на Република Македонија ќе останат непопишани. Каков е тоа политички проект на ДУИ со овој Закон кога и амандманите на пратениците на ДУИ не поминуваат во Собранието. Но, едно е сигурно, Албанците очекуваа дека по протестот, претставничката на ДУИ ќе пренесе појасни пораки и гаранции за квалитетот на Законот за попис. Сигурно очекуваа дека во Заводот за статистика, каде што има симболична бројка вработени Албанци, ќе се дообјаснат, дека ќе следат нови вработувања за достигнување на соодветен сооднос. Ќе објаснат дали со овој Закон би можело да се решат сите отворени прашања околу пописот, односно како ќе се попишат оние граѓани што се на привремена работа во странство и нивните семејства.

Без разлика на индивидуалните или партиските ставови за Законот за попис, граѓаните очекуваат дека ќе се симнат од приоритетите некакви споредувања во експертските анализи, каде што се спомнуваат апсолутно нејасни и несоодветни примери со пописите некаде во светот. Имајќи ја предвид фактичката аргументација, споредувањата би требало да бидат јасни, бидејќи овие граѓани се со јасен статус - со привремено жителство надвор од земјата. Тука ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ треба да најдат разбирање, бидејќи и оние што се на привремена работа во странство се граѓани - жители на оваа земја. Овие граѓани го даваат нивниот финансиски придонес за својата земја.

Време е да се спроведува функционална политика, луѓето да имаат значење, да се гради јасен партиски идентитет и нивните сопартијци да го зачуваат односот со другите, да ја доградуваат смислата на политичката култура. Да се постигне личен и семеен идентитетот на граѓаните. Да им се доближат социјалните и економските проекти за подобро живеење. Законот за попис е партизиран, тој е политизиран и станува топ-тема. Политичарите треба да ги форсираат економските проекти со кои граѓаните би биле посмели во настојувањето да бидат дел од таквите проекти. Во таа смисла ќе го спомнам како пример случајот со велешките села Горно и Долно Јаболчиште, каде што минатиот викенд организирале манифестација за својот квалитетен земјоделски род, при што се фалат дека се успешни во планинското земјоделство. Овие луѓе велат дека имаат многу компир, но, за жал, тој се продава по ниска цена, а имаат проблеми и со транспортот поради неасфалтираниот пат до Велес. Тука се во прашање околу 18 километри лош пат. Такви села со катастрофална лоша инфраструктура има секаде по Република Македонија. И покрај тешкотиите што ги имаат овие граѓани со години, иако во последно време повеќето од нив отишле на работа во Италија, сепак, повеќе сакаат да работат и да значат во нивните села. Со манифестацијата со земјоделските производи, овие луѓе, иако осамени, сакаа да им покажат на раководните државни структури дека постојат. Интересни беа имињата на компирот, како што се „дезира агрија“, „сантана“, „мандорина“, „афродита“, „манито“. Со оваа манифестација овие граѓани како да сакале да покажат дека и тие го прошетеле светот.

Во натамошното мое размислување сакав да потсетам на една јавна партиска изјава во текот на оваа година. Последица на таа изјава беше проектот „Скопје 2014 година“. Лидерот на ДПА во еден негов јавен настап кажа: „Интересно е како поглаварот на ИВЗ направи бласфемија од прва рака кога го повика Алах да го благослови Груевски, сега се скри во глувчешка дупка. За 180 степени го имам сменето мислењето за поглаварот на ИВЗ. Тоа не е мој проблем или проблем на партијата, но смeтам дека тој треба јавно да се извини, најнапред на Господ, а потоа на верниците, кои ги има навредено. Тој побара Алах да го благослови најголемиот антимуслиман и антиалбанец“. Така зборуваше претседателот на ДПА пред медиумите некаде при крајот на јануари 2010 година. Потоа немаше некоја јавна изјава, извинување или реакција на челникот на ИВЗ. И сега, кога е време на размена на честитки за Курбан-бајрам, тоа што беше проследено од медиумите, ако не е некоја мајсторска монтажа, се појавуваат друг вид меѓусебни односи. Претседателот на ДПА сега вели: „На поглаварот на ИВЗ му го честитав празникот Курбан-бајрам со желба да ни помогне на сите за да чекориме кон жртвувањата за подобри денови на Албанците и на сите граѓани во Македонија“. Каква политичка комуникација! Можеби такви сценарија се позајмени или преземени од француските шегачии кога понекогаш велеле: „добро е, нека се зборува и лошо, нека се зборува и добро, важно е да се зборува за нас“.

Во ова мое потсетување на ваквите изјави повеќе сакам да размислувам дека се доградуваат друг вид односи со помирување и проштевање за време на празникот на жртвувањето и на милоста, како што празникот на Курбан-бајрам. Или можеби е во прашање нова практика на политичко комуницирање и однесување, при што се сака градење на сопствената личност, се штитат интересите на другите личности, без да се нарушуваат своите интереси и интересите на другите. Таквиот вид однесување може да значи нов пристап во однесувањето, може да значи откажување од агресивната политичка комуникација, нова смисла во градењето лидерски авторитет, односно опстојување на сопствениот интерес без да се навредува другиот.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 893 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ново досие
Странците не одат ни на суд за нашите матни тендери
Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин
Модерни робови
Судиите ќе го преиспитаат притворот
Гостивар ќе добие нова спортска сала
Орвел во министерствата
НАТО, што беше тоа?
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?
Кинез доживотно во затвор поради корупција
Сите на и-беј
Секс само по распоред
Бојкот на Нобеловата церемонија во Осло
Паркер тврди дека не ја изневерувал Лонгорија
Стил
Зоофил осуден на условна затворска казна
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Во Грција има над 600.000 невработени
Македонија непоразена се врати од Корча
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region