Зоофил осуден на условна затворска казна
(18.11.2010г.-09:29ч.) Педесет и две годишен самец, кој призна дека имал сексуални однсои си кози кои потоа пцовисале, е осуден на условна казна од пет месеци затвор. Средновековниот маж се изјасни како виновен. Тој е осуден и на парична казна од 150 евра и треба да им исплати 2.600 евра отштета на одгледувачот на кози, исто како и едно симболично евро на пет здруженија за одбрана на животните. За време на пробниот период, зоофилот треба да се лекува и истовремено доживотно му е забрането да поседува домашно животно. Овој жител на малото село Де-Севр, на границата на Шарант-Маритим бил изненаден на лице место од одгледувачот на кози од селото Антињи (Виен), кој констатирајќи необјаснива смрт на повеќе глави од стадото, организирал скришно чување. При истрагата од жандаремеријата, човекот признал дека на повеќе пати бил во фармата каде што имал сексуални односи со козите. (МИА)
|