Бојкот на Нобеловата церемонија во Осло
(19.11.2010г.-09:43ч.) Кина, Русија, Казакстан, Куба, Мароко и Ирак се шесте земји што ќе ја бојкотираат церемонијата на доделување на годинешната Нобелова награда за мир, што на 10. декември ќе се одржи во Осло. Оваа одлука се должи на фактот што добитник на нградата е затворениот кинески дисидент Лиу Ксиаобо, поради што властите во Пекинг упатија остри критики и ги предупредија другите земји да не присуствуваат на церемонијата. Домаќините велат дека досега 36 земји го потврдиле учеството, а 16 с` уште не одговориле.
|