Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter

Глобалист

НАТО, што беше тоа?

Љупчо Поповски

Кога утре во Лисабон лидерите на НАТО ќе го почнат својот самит, тоа нема да биде вест на денот во Македонија. Всушност, одамна настаните поврзани со НАТО и нашето членство не се вести што ги продаваат весниците или ја зголемуваат гледаноста на телевизиите.

Човек треба да помине цела вечер пред телевизор, па можеби некаде да ја чуе веста дека дека во понеделникот четворица американски сенатори (тројца републиканци и еден демократ, меѓу нив многу влијателниот Ричард Лугар) му испратиле писмо на претседателот Барак Обама во кое му порачуваат да ги охрабри сојузниците во Алијансата да и' понудат на Македонија во Лисабон формална покана за членство. „Името не смее да биде поврзано со проширувањето на НАТО“, пишуваат сенаторите.

Го интересира ли воопшто некој што му напишале сенаторите на Обама или, пак, што изјави на генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, во понеделникот за Македонија. „Проблемот со името се' уште не е решен и не очекувам земјата да биде поканета за членство во Алијансата“, рече Расмусен, посредно одговарајќи им на американските сенатори.

Две и пол години по оној херојски пораз во Букурешт, по искреното сочувствување на Џорџ Буш, по оние прегратки во Загреб, ние изгледаме подалеку од кога и да е од НАТО, иако сме само на чекор од него. Затоа и никој не зборува за него, како да ја снема Алијансата од нашата стратегија за иднината.

„На власта не и' одговара да се зборува за НАТО затоа што нема што да испорача“, вели Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана. „Нема договор за името, нема иницијатива од наша страна, загубен е стратегискиот концепт. Во Лисабон ќе оди висока делегација на Македонија, но не знам што ќе прави таму, освен што од некого само ќе биде потчукната по рамото“, се прашува Еленовски.

Што ќе слушнат членовите на нашата делегација, меѓу нив и претседателот Ѓорге Иванов, во Лисабон? Расмусен вели дека тоа ќе биде еден од историските самити. Изгледа и дека навистина ќе биде таков, само што ние нема да бидеме дел од таа историја. Војната во Авганистан, каде што и ние имаме свои трупи, нема изгледи да заврши, уште помалку со победа на сојузничките војски предводени од НАТО, но веќе се прават планови како да се вратат војниците дома. Кога в сабота Иванов и двајцата министри ќе бидат на собирот на контрибуторите на ИСАФ-мисијата, веројатно, од лидерите на НАТО ќе ја слушнат веста дека до крајот на 2014 година ќе се повлечат од Авганистан, дека ќе почне новата етапа на соработката на Алијансата со Русија и дека за три години ќе заврши нашиот најголем адут меѓу повластените сојузници. Ќе завршат оние церемонии на свечено испраќање на секоја нова мисија и убавите моменти кога се доделуваат ордени. Би било перверзно да очекуваме некој нов конфликт за да може нашиот единствен адут – војниците – да ги испратиме да ја завршат агендата што не можат да ја исполнат политичарите.

Дури 150.000 војници од 40 земји сега се ангажирани во Авганистан во војната што влезе во својата десетта година. Според стратегијата, која во Лисабон треба да ја усвојат лидерите на 28 членки на НАТО, треба да почне постепеното намалување на трупите што треба да заврши на крајот на 2014 година. Како ќе изгледа динамиката на тоа намалување на трупите, во која фаза од таа стратегија ние ќе треба да ги вратиме нашите војници дома, се' уште никој не знае. „Ние не можеме туку така да прекинеме и да избегаме“, изјави еден висок претставник на НАТО за Ројтерс. „Мора да бидеме сигурни дека она што ќе го оставиме има шанси на успех и структури што можат да преживеат“.

Ричард Холбрук, главниот човек на администрацијата на Обама во Авганистан и Пакистан, вели: „Ние имаме стратегија за транзиција, а не стратегија за излез“. Во таа стратегија Холандија ќе го прекине борбениот придонес до крајот на годинава, Канада планира да го направи тоа идната година, Франција и Германија ќе го намалат драстично бројот на војниците во 2011. Само Британија, најверниот американски сојузник, во својата борбена мисија ќе остане до крајот. Дали владата во Кабул, за која сите се едногласни дека е премногу коруптивна, нестабилна и неспособна сама да се одржи, ќе може да владее со етнички подел��ната земја, со слабо обучени воени сили и со растечко влијание на талибанците, е прашање на кое никој нема одговор.

На оваа сцена стапува нов играч – Русија. Таа веќе во пролетта оваа година им дозволи прелет на карго-авионите на ИСАФ преку нејзината територија и со совети треба да му помогне на НАТО да не ја направи истата грешка како Советскиот Сојуз, кој во 1989 година набрзина го напушти Авганистан, ја остави земјата во хаос и го отвори патот за талибанците. НАТО и Русија по овој самит треба да отворат нов почеток во односите, не само во Авганистан, туку и во спречувањето на ширењето на нуклеарното оружје, борбата против тероризмот и ракетната одбрана.

Знаеме ли ние што се случува на овој глобален план и се прават ли вистински анализи каде ќе биде местото на Македонија во овој нов развој на настаните. Како што никој веќе кај нас сериозно не зборува за НАТО, така се намалува значењето на Министерството за одбрана во владините структури. Буџетот на армијата драматично се намалува од година во година, министерот за одбрана Зоран Коњановски се обидува да ја убеди јавноста, а и самиот себе, дек�� во Армијата се прават реформи, но освен што отстапува касарни на општинските власти и дотерува некои згради за простанатиот број војници, ништо друго не се случува. Нема воени набавки, нема инвестиции во војската. Главна агенда станува како да им се обезбедат станови на војниците и како да се вработат уште луѓе со партиски книшки во Министерството за одбрана. А што друго да се прави кога не може да се испорача единственото решение – договор за името.

Во оваа халуцинантна живејачка ќе видиме што ќе се случува од понеделник. Јоргос Папандреу по локалните избори во Грција излезе посилен отколку што очекуваше, Никола Груевски очекува каков ќе биде планот на опозицијата во нивната најавена битка за предвремени избори. Името? Зарем некој воопшто мисли дека властите сериозно мислат да најдат решение.


#
Статијата е прочитана 1368 пати.

Испрати коментар

Од: Alfred Tetzlaff
Датум: 18.11.2010 15:03:43
Imeto ne pretstavuva precka za MK,tuku vremeto ili potocno "cajtnot"-ot,zosto sto podolgo MK ostanuva nadvor od evroatlantskite integracii,tolku poeke gubi priklucok so Evropa.A toj proces uste tolku ke se zabrza ako samobendisanite i -narecenite portokalovi patrioti konecno ne stapat vo odlucna akcija za odbrana na MKsite interesi!Toa podrazbira argumentirano lobiranje vo svetot namesto kavgadziski odnos tokmu so tie koi bi mozele pozitivno,odnosno vo polza na MK,da vliaat vo sporot.Se dodeka ne se resi ovoj spor MK ke bide izlozena na situacii kako taa od onekna so jazikot i nacionalnost vo ON.GR nema nikogas da prifati "R.MK." duri i po cena totalno da ja raznisuva sopstvenata gordost i dostoinstvo-naprotiv,pogotovo ako se raboti za pomala zemja kako sto e MK vo slucajov.Zatoa najcisto resenie treba da se trazi megju "autenticnoto tolkuvanje" na istorijata i denesnata realnost za na kraj da se dojde do "Nova Makedonija"-bilo samo za megjunarodna ili duri i sevkupna upotreba.Pozdrav.
Од: Kolega na Milososki
Датум: 18.11.2010 15:12:16
Najdobro e Milososki da podnese ostavka. Toj vooposto ne go razbira problem so imeto!!
Од: Mudrec
Датум: 18.11.2010 15:34:22
Mi se temni od vakvi tekstovi kade sto vlasta e kriva sto nema resenie za imeto. Dodeka taka pisuvate, sedete si vo opozicija.
Од: caki
Датум: 18.11.2010 15:49:24
navistina sto e NATO vekje, izgleda ni samiot ne znae, a negovite clenki esto taka, najobicni licemeri i luzeri
Од: Vlav
Датум: 18.11.2010 15:56:59
Господине Поповски, многу детално ги опишавте работите околу лошите состојби што владеат на релација Македонија - НАТО. Посебно е добро кога кажувате `` Главна агенда станува како да им се обезбедат (на ДПМНЕ-вци) станови и како да се вработат уште луѓе со партиски книшки.`` Требаше да спомните дека ДПМНЕ има уште една многу важна задача: Уште повеќе да се ``нафатираат`` и да си заминат ``достоинствено среќни ем задоволни.`` Само нека го направат тоа што поскоро, за да може што поскоро да куртули нашиот напатен и изигран македонски народ.
Од: Robert
Датум: 18.11.2010 18:28:47
"""„На власта не и' одговара да се зборува за НАТО затоа што нема што да испорача“, вели лазар еленовски""", Овој господин сигурно забегал кога мисли дека власта испорачува нешто на НАТО, но вистината е друга тој не е власта за жал. Државата е таа што испорачува нешто а не лицата како тебе и слични кои се досегашното владение во РМ. Не се поистоветувајте додека сте на власт дека е тоа ваше приватно. Бидејќи такви нарцисоидни типови кои преку ноќ стануваат "експерти" се експонираат во македонската политика и ние не можеме да се афирмираме потполно. А сведоци сме дека најсилното претставување на РМ во НАТО се војниците на македонската армија кои и понатаму се подценети во Македонското општество од лица како овој и слични као него веќе 20 години, Сето тоа што можат да направат нашите војници доволно е само еден како тебе и слични да го растурат, наводни експери.
Од: cede
Датум: 19.11.2010 02:09:59
Se dodeka makedoncite se vo afghanistan nema zosto amerikancite da se plasat.Ako sakat rusite i na niv ke im pomogneme da si ja ublazat bolkata.A vojnicite od holandija, germanija, italija, grcija sto sakale da si odat doma bidejki nemozele vece da izdrzat bez mazi neka si odat sto pobrgu.Nemaat vrska tie so Nato.Se znae koj e Nato.Amerika.Za hranata, prevozot i smestuvanjeto na makedonskite vojnici vo Afghanistan plaka SAD, a ne makedonskata vlada.Parite sto vladata gi sobira od narodot a se nameneti za ARM odat za poedinci od vlasta koi tie gi prikazuvaat vo gradenje na spomenici a vsusnost najgolemiot del od toa zavrsuva vo nivnite dzebovi.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ново досие
Странците не одат ни на суд за нашите матни тендери
Вранишковски приведен во Бугарија како српски граѓанин
Модерни робови
Судиите ќе го преиспитаат притворот
Гостивар ќе добие нова спортска сала
Орвел во министерствата
Принцезата доаѓа на тронот по татковиот секс-скандал?
Кинез доживотно во затвор поради корупција
Сите на и-беј
Секс само по распоред
Бојкот на Нобеловата церемонија во Осло
Неодговорна политика или електорат
Паркер тврди дека не ја изневерувал Лонгорија
Стил
Зоофил осуден на условна затворска казна
Тројца загинати во сообраќајка кај Лозово
Во Грција има над 600.000 невработени
Македонија непоразена се врати од Корча
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region