(19.11.2010г.-09:46ч.) Поранешен шеф на Кинеската национална нуклеарна корпорација, Кан Жисин, е осуден на доживотен затвор заради корупција. Одлуката ја донесе суд во Пекинг. Кан беше шеф на Корпорацијата од 2004-2009 година и во тој период добил речиси 6,6 милиони јуани (околу еден милион долари) мито за да лобира за интересите на различни лица, се вели во судската одлука. Корпорацијата е одговорна за инвестиции во нуклеарни објекти, за изградба на атомски централи, производство на гориво за нив и разработка на нуклеарни технологии. Во неа се над 100 компании и научно истражувачки институти. Тој е вториот висок раководител на кинеска енергетска компанија обвинет годинава за корупција во таа држава. (МИА)