Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Македонија

 

Шест месеци подоцна: од дрвцата нема ни трага

Сите креваат рамена кога е во прашање грижата за засадените дрвца. Главен виновник ќе испадне небото затоа што не беше дарежливо со дожд

 

Горан Адамовски

 

Штип, Велес - Шест милиони садници во октомври, по десет милиони садници во март и во октомври в година, најавуваат од Иницијативниот одбор на Денот на дрвото за новите акции што ќе се случат половина година по првата, во која два милиона садници беа засадени на 67 локации низ земјава. „Утрински весник“ посети неколку локации каде што на 12 март се насадуваа садниците и, според тоа што го видовме, невозможно е на тие места ќе израснат борови или багреми зашто најголемиот дел од посадените дрвца никаде ги нема. Оние садници што може да се видат се суви, а пашата на овците и добитокот ги уништува последните надежи дека мотото при садењето „Кислород за следните поколенија“ навистина ќе се оствари. Расфрлани хартии, шишиња, амбалажи... Ништо необично за депонија. Оваа е во Штип, поточно на десетина километри од градот, до кој се стига по асфалтираниот пат, полн со дупки. Необичното е тоа што под ѓубрето биле посадено неколку десетици илјади садници, кои ќе ги видите само ако загазите во ѓубрето. „Првичниот план беше садниците да се засадат во околните ридови на градот, но потоа, надлежните се одлучија за оваа локација, бидејќи се сметаше дека кога ќе пораснат дрвјата, ќе го чуваат градот од ѓубрето, кое ветрот го разнесува“, објаснуваат штипјани. Но, тешко ќе се случи дрвјата да пораснат, бидејќи и на надлежните сега им стана јасно дека земјата била сува и дека „можеби и не била добра идејата таму да се засадуваат садниците“. Можеби и затоа садниците се оставени на милост и немилост. Вода гледаат само ако заврне, што е ретко. Требало да ги полеваат вработените од ЈП „Исар“, кои се грижат за депонијата. Но, и работниците што ги затековме признаваат дека тоа ретко го прават, бидејќи „вода нема ни за градот ни за жителите“. Во „Македонски шуми“ велат дека не се фатил само првиот ред, а дека другите садници заживеале! Во Иницијативниот одбор за акцијата „Денот на дрвото“ се согласуваат дека акцијата требало да биде подобро организирана. „Нашата цел беше да ги посадиме дрвцата и да ја подигнеме свеста кај граѓаните, а во државата постојат институции што треба да се грижат за нивно заживување. Ние како граѓанска иницијатива, ниту можеме да се грижиме, ниту имаме имаме ингеренции“, велат од Одборот. Експертите велат дека најдобро време за пошумување е кон крајот на април и почетокот на мај, кога паѓаат поројни дождови, како и кон крајот на октомври и почетокот на ноември пред снежните врнежи. Првата акција беше реализирана во март, кога времето е суво, иако следните два дена по пошумувањето се погодија врнежливи. „Климатските услови се најбитни, бидејќи, нормално, садниците не можат да се вадат со класичен систем за наводнување, а да се качуваат цистерни со вода на ридовите е скапа работа. Влажната почва и воздух го вршат најголемиот дел. Од друга страна, постојаното налевање на садниците може да предизвика контраефект“, вели Владимир Бахчовановски, директор на ЈП „Македонски шуми“. Според него, претпријатието коректно си ја врши „домашната задача“. Но, жителите на велешката населба Превалец, во чија близина кај месноста Голик, на површина од 30 хектари, беа засадени 60.000 садници, велат дека шумар не виделе со месеци. „Ги засадија дрвцата, првите неколку недели редовно ги наводнуваа, ама сега никој не се грижи за нив. Им дадоа живот, ама не ги оставија да живеат“, велат жителите на Превалец. Садниците беа засадени во близина на црквата, на ридот од каде што се гледаат градот и фабриката „Порцеланка“. Овој реон, иако не беше зафатен од ланските пожари, организаторите одлучиле да го пошумат поради пристапноста на теренот, но, пред се', поради неговата близина до градот, имајќи ја предвид потребата од шумски предели на Велес поради долгогодишната лоша еколошка состојба. Во Општина Велес тогаш негодуваа што за локација не биле одбрани опожарени места или, пак, делот во близина на езерото Младост. Но, организациониот одбор го одбра Голик, иако се чини дека црн бор и багремови дрвца нема никогаш да израснат. Од „Македонски шуми“ тврдат поинаку. „Во јуни биле зафатени 95 проценти од садниците, а шумарски инженер постојано патролира таму“, тврдат од „Македонски шуми“. Но, жителите на Превалец, освен што негодуваат за немарноста на надлежните кон садниците, револтирани и се и од тоа што тие биле насадени на место што го користеле за напасување на својот добиток. „Никој не не' праша, а ќе им кажевме дека таму ги носевме животните на пасење. Немаше да ни биде криво ако од садниците испаднеше нешто. Вака, ем нема пасишта ем ништо од дрвцата. Двојна штета за нас“, се жалат жителите на оваа велешка приградска населба. Денот на дрвото, кој беше неработен ден, првпат беше обележан на 12 март годинава. Македонија засади над 2 милиона садници, по една за секој жител. Се садеше на 67 локации низ целата држава, меѓу кои и на местата што настрадаа во пожарите минатата година. Големата иницијатива предизвика „мобилизација“ на над 150.000 граѓани, кои излегоа и организирано посадија дрвца. Политичари, дипломати, пејачи, уметници, ученици и пензионери се вклучија во акцијата, која поради масовноста заврши за само неколку часа. „Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со дрвјата што ги засадивме“, изјавуваа граѓаните. Иницијативниот одбор се подготвува за новата акција. Во ноември ќе бидат засадени шест милиони садници. Поучени од минатото искуство, уверуваат дека овој пат организацијата ќе биде многу подобра. „Во март бевме изненадени колку граѓаните позитивно ја прифатија акцијата и затоа сега настапуваме многу поамбициозно“, велат од Одборот. Тие признаваат дека првите резултати од оваа иницијатива ќе можат да се почувствуваат откако ќе бидат изведени пет-шест акции и кога кај граѓаните и општеството во целина, ќе се разбуди екосвеста.


Статијата е прочитана 2512 пати.

Испрати коментар

Од: kire
Датум: 05.09.2008 00:46:11
Pusta KUMUNISTICKA IDEOLOGIAJA nikade ne uspeva..
Од: Toni
Датум: 05.09.2008 01:20:28
Ova e dokaz za dve nesta; narodot ni e daleku od civilizacijata i kulturata i vladata ni e cist formalist. Se se pravi so pompa za ednokratna upotreba,se e so lazen sjaj ...kako sto bea glasnite najavi za borba protiv oligarsite a so noviot "revolucioneren" zakon za Rabotni odnosi ke se zacvrsti nivnata pozicija i mok vo opstestvoto.Isto e i so reformite vo sudstvoto,namesto pravna drzava, dobivme neartikulirano i nezakonsko odnesuvanje na lugje kako Bekir Iseni...sve je laz
Од: mane
Датум: 05.09.2008 07:21:26
Па што се чудите, во градот Скопје, во услови кога има вода, има прибор за поливање и платени за тоа, новите дрвца се исушија, а од истата немарност се исушија годинава и дрва постари по 10-15 години. Иронијата да биде поголема општините превземаат акции за сечење на „старите“ исушени дрвца. Аеродром преднњачи, па нема да остане ниту една Бреза, бидејки дветретини се исушени и исечени.
Од: spiro grkot
Датум: 05.09.2008 08:27:53
uste eden neuspesen cekor vo prerodbata megutoa da se proveri po koja cena se kupija sadnicite i od kade se uvozija i koj imase kar od toa
Од: boro
Датум: 05.09.2008 08:58:58
epa Rado , trebase da se grizis za ona sto go sadese! neli i Sekerinska ucestvuvase vo akcijata
Од: Za boro:
Датум: 05.09.2008 10:07:18
E da vidis, Boro, drvoto sto go posadi Sekerinska vo Resensko , se fati. Ti gledaj sto e so drvata posadeni od miinistrite vo Vladata. Gruevski vo oci te gleda i laze, a so ednata raka ti e vo djebot, pa toj li ce dozvoli drvcata da se fatat? Zatoa, negovata Familija ce organizira uste nekolku vakvi akcii po desetina milioni evra.
Од: Nena
Датум: 05.09.2008 10:30:41
Проказнава е доказ дека нашиов народ има неизградена не само еколошка свест туку и неизградено основно чувство за одговорност. Настрана и неценењето на туѓиот труд и средства, бидејќи да се разбереме садниците не беа самоникнати. Многу може да се каже и за организаторите и организацијата на ваквите акции. Да, точно, идејата е одлична, но како што милуваат да кажат американците, патот до пеколот е поплочен со добри намери и идеи. Организаторот не поведе грижа за тоа: што откако садниците ќе се посадат. А ова ни се случува затоа што сме си таков народ каков што сме: без јасна слика за иднината и не се грижиме за ништо подалеку од својот задник, постојано барајќи друг дани ги исчисти сопствените проблеми и ѓубре (фигуративно и фактичко).
Од: Битола
Датум: 05.09.2008 10:58:30
Па со овие популистички вмровчишта и Македонија ќе ја нема.
Од: Oliver
Датум: 05.09.2008 11:14:34
Кофга се прават вакви акции треба да се размислува и за одржливоста на она што е засадено. Пред некое време дознав дека системот капка по капка го имаат измислено македонци во Металски Завод Тито, фабриката за пумпи и со тој систем Израел ,од пустина направи плодни површини на кое одгледува земјоделски култури. Зарем такво несто неможе да се направи и за дрвјата барем додека пораснат, вака оставено е на природата ако даде господ вода ќе ги биде ако не пак акција тоа е тоа. За следната акција ресорното министерство треба да размислува и заква солуција.
Од: Берач на магла
Датум: 05.09.2008 12:31:01
Па зарем некој очекуваше дрвца?! Кога се правеа пресметки, колку луѓе, колку време, треба да садат 2 милиона дрвца, јасно беше дека само милионите Евра ќе се „оплодат“. Не се знае само кои се оние кои ги обраа плодовите.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Тинејџерка од Прилеп посакува да ја прегази автобус
Постапката против новинарот Танески ќе се запре?
Диви стебла марихуана растат во близина на битолско училиште
Груевски не очекува промена на политиката на САД спрема Македонија
Само петмина професори за албанската паралелка во Велес
ДУИ го опструира Институтот за културно наследство на Албанците
Нема да се кандидирам за градоначалник на Кавадарци

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.