Нема да се кандидирам за градоначалник на Кавадарци
КАВАДАРЦИ - Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, јавно соопшти дека нема да бара нов мандат на претстојните локални избори. На вчерашната прес-конференција Минов образложи дека во моментот немало клима за повторна кандидатура.
Слабите резултати што ги постигнал како независен пратенички кандидат на вонредните парламентарни избори, како и во досегашните два мандата биле пресудни за неговата одлука. (А.Д.) |