Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Тинејџерка од Прилеп посакува да ја прегази автобус

Психијатри завчера констатирале дека на девојчето му треба лекарска помош

Моника Талеска


ПРИЛЕП - Шеснаесетгодишно девојче од Прилеп, секој ден, по неколку пати во денот, истрчува на улица пред автобусот полн со работници од Институтот за тутун во обид да биде прегазено. Кога ќе ја прашаат зошто го прави тоа, таа одговорила дека сака токму возачот на тој автобус да ја прегази. Девојчето повеќе пати било прегледано од психијатри, но дури завчера констатирале дека му е неопходна лекарска помош.

И додека докторите и полицијата биле немоќни да ја спречат малолетничката во нејзините обиди за самоубиство, возачот и работниците кои секојдневно се превезуваат со автобусот преживуваат стравови од каде ќе се појави девојчето и дали ненадејно ќе застане повторно пред автобусот. Тие велат дека колку почесто реагираат во полицијата и во Центарот за социјална работа, девојчето толку почесто се појавувало на улиците.

Возачот Димче Китанов се потсетува дека се' започнало пред една година кога бабата на девојчето го замолила да ја префрли внука и' со автобус. Оттогаш тинејџерката почнала да го следи, а потоа почнале да се случуваат инцидентите по улиците на Прилеп.

„Немам мир. Цела година се случува истото. Не можам да сфатам зошто вака се однесува девојчето. Откако лани нејзината баба, бивша работничка во Институтот, ме замоли да ја префрлам, а и сама не знаеше каде, буквално секој ден ме следи. Страв ми е да влезам во автобус. Не знам дали да внимавам напред, дали ќе скокне од зад автобус или од зад дрво. Во полиција ми велат дека ако се случи нешто, не дај боже, пак јас ќе одговарам, ни виновен ни должен“, зборува Димче Китанов, сиот во грч.

Екипата на „Утрински весник“ вчера беше сведок на последниот обид на девојчето да се фрли под автобусот. За среќа, возачот уште еднаш навреме реагираше и не го прегази девојчето. Патниците сите во паника повторно излегоа надвор на улица „Марксова“ во близина на Економскиот факултет. А, девојчето повторно со ист одговор: сакам Диме да ме прегази!

„Цел се тресам, ова страв ли е, нервоза ли е, гласот верувајте ми се зема, не знам, несфатливо ми е ова што се случува“, додава Китанов, кој веќе 30 години управува автобус.

Патниците, исто така, вознемирени од секојдневната глетка на девојчето кое се фрла пред автобусот, бараат проблемот да се реши.

„Животот ни е вистинска драма. Немаме мир. Секој ден кога ќе влеземе во автобусот додека стигнеме дома, го очекуваме мигот кога ќе се појави девојчето. Не само возачот, туку сите ние внимаваме да не се фрли под тркалата. Зашто кога ќе ја прашаме зошто го прави тоа, вели дека сака да ја изгази возачот Диме. Јас сум ја однела и во полиција, и пак ништо. Но, проблем е што и нејзината баба не сака да поверува што се' прави нејзината внука“, вознемирено и револтирано раскажува Ратка Макешоска, која е секојдневен очевидец на драмата.

По оваа кошмарна драма, побаравме одговор од надлежните во Центарот за социјална работа. Оттаму информираат дека со девојчето работат цела година, од првиот момент на пријавување. Велат до вчера прилепските доктори не можеле да откријат никаков здравствен проблем кај девојчето, кое имало солидно поведение како ученичка, сега веќе во средно училиште.

„Ова не е прв пат. Вистинска драма преживеа една наставничка во основното училиште каде што учеше девојчето. Но, сите доктори што ја прегледаа рекоа дека девојчето е ментално и физички здраво. Тоа потекнува од семејство на разведени родители, мајката е на лекување во болницата во Демир-Хисар. Ние сме Центар за социјална работа и проблемот го решаваме врз основа на наоди на специјалисти и во рамки на законската регулатива. Но, со оглед на досегашните специјалистички наоди, немавме основа како да интервенираме и да го решиме проблемот, а да биде во рамките на законот“, вели директорката Снежана Јованоска.

Таа истакна дека вчера изутрина стручниот тим од Центарот повторно го однел девојчето на преглед во Невропсихијатриското одделение. Според сегашниот лекарски наод, на девојчето му е неопходно лекување.

„Бидејќи семејството одбива соработка, ние не можеме присилно да го лекуваме девојчето во прилепската болница која е од отворен тип. За да му се помогне на девојчето, донесена е одлука. Денеска изутрина ќе биде однесена во Невропсихијатриска болница во Скопје на набљудување. Потребна е лекарска грижа“, истакнува Јованоска.


Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 05.09.2008 13:29:14
Дали ќе се побара одговорност од некој од докторите кои цела година го прегледувале девојчето и не успеале да утврдат никакво ментално нарушување. А мајката на девојчето лежи во Демир Капија... Браво за медицински факултет...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Шест месеци подоцна
Постапката против новинарот Танески ќе се запре?
Диви стебла марихуана растат во близина на битолско училиште
Груевски не очекува промена на политиката на САД спрема Македонија
Само петмина професори за албанската паралелка во Велес
ДУИ го опструира Институтот за културно наследство на Албанците
Нема да се кандидирам за градоначалник на Кавадарци

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.