ДУИ го опструира Институтот за културно наследство на Албанците
ТЕТОВО - Во ДПА тврдат дека партијата на власт - ДУИ веќе почнала со опструкции на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. „Во јули годинава сите институти во Македонија ги добија планираните финансиски средства од Владата освен овој. Да биде срамот уште поголем, вработените во Институтот веќе два месеца немаат примено плати“, информираше Бесим Догани, потпретседател на ДПА, на вчерашната средба со новинарите. (Г.Е.)