Само петмина професори за албанската паралелка во Велес
ВЕЛЕС - Нови тројца професори се пријавиле да предаваат во албанската паралелка во велешката гимназија „Кочо Рацин“. На 28 ученици-Албанци кои доаѓаат од селата Горно Јаболчиште, Бузалково, Сливник и Клуковец ќе им предаваат биологија, физичка култура и историја. Покрај нив, од стартот на учебната година на албански двајца професори предаваат математика, физика и мајчин јазик. За комплетна настава на учениците од албанската паралелка во велешката гимназија треба да бидат вработени уште девет професори. (С.Ќ.Н.) |