Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Карла Бруни

Убавиот товар на Саркози

Францускиот претседател секојдневно се соочува со минатото на сопругата

Од нашиот дописник: Тони Гламчевски

Париз - На насловните страници на магазините Карла Бруни-Саркози е совршена, но во улогата на прва дама на Франција таа е речиси невидлива. Издавачите на книги во Франција есенва играат на картата на Карла Бруни-Саркози, така скоро истовремено од печат излегоа две биографии, едната во која зборува поранешната манекенка и другата неовластена. Дали ова ќе придонесе Французите да ја запознаат повеќе својата прва дама за која уште немаат изградено јасно мислење, а за што и самата вели дека е „многу различна“.

Во книгата „Карла и амбициозните“, напишана од новинарот Микаеј Дармон, репортер на државната телевизија Франс и акредитиран во Елисејската палата, и Ив Дере, независен новинар, се дава поволна слика на првата дама. Замрзната пријатна насмевка, исправена како (латинично големо „I“) со убави манири, сопруга за пример, која според двајцата автори го смирува Саркози, на кого му дава „голема поддршка во тешките моменти“. Ова, и покрај нејзината одбивност кон Елисејската палата, кон некои од блиските соработници на претседателот, како што е дипломатскиот советник Давид Лефит, кој е „премногу врзан“ со претседателот, таа не ги сака официјалните обврски и ги почитува само задолжителните.

„Моето присуство до жени како што се Даниел Митеран или Бернадет Ширак претставува самото по себе револуција“, вели таа, која се смета за „многу различна“. „Јас бев манекенка, јас пеев и ќе продолжам да пеам“. Авторите на оваа овластена книга во која Карла има слободен збор се навраќаат и на ривалството со поранешната сопруга на Саркози, Сесилија, и гласиштата за неверство од кои не беше поштеден брачниот пар Саркози, околу кои посебна улога играла поранешната министерка за правда, Рашида Дати (блиска пријателка на Сесилија и соработничка на Никола). За оваа книга многумина сметаат дека е нарачана директно од Елисејската палата за да се контрира неовластената биографија „Карла, еден таен живот“ од Бесма Лахури.

Оваа новинарка (позната по објавувањето на неовластената биографија на Зинедин Зидан) ги најде дадилката, поранешните другарки од гимназијата, од модните подиуми... Од Кап Негр, преку Милан, Њујорк до Париз. Новинарката тврди дека блиските на Карла Бруни биле замолени од Карла и Елисејската палата да не и' зборуваат и дека Пјер Шарон, советник на Саркози, се обидел да ја разубеди да не продолжува со истрагата за првата дама.

Во неовластената биографија на Карла, 80% од изворите се цитирани и целата книга била прегледана од адвокатите на издавачот Фламарион за да се избегнат евентуалните судски проблеми.

Во неовластената биографија се споменуваат и „поранешните“ партнери на пејачката. „На 15 години таа сакаше да излезе со Мик Џегер. И неколку години подоцна, таа успеа да го закачи овој трофеј, веднаш таа им телефонира, триумфално, на нејзините пријателки за да им каже: погоди со кого излегувам. Дваесет години подоцна, таа го направи истото тоа со Никола Саркози“, раскажува авторката на книгата. Таа, притоа, додава дека Саркози секојдневно мора да се соочува со минатото на Карла, како што е Рафаел Ентховен, таткото на синот на Карла, но и со глумци, пејачи, адвокати, шефови на претпријатија, луѓе од печатот или од политиката.

Во книгата е објаснет и односот на Карла спрема пластичната хирургија. Tаа имаше совршено тело, вистинска бомба, но не си го сакаше лицето и носот, се доверува Ирен Силвањи, која порано работеше во „Вог“.

Според испитувањето на јавното мислење објавено во последнотот издание на неделникот „Нувел обсерватор“, за Карла Бруни позитивно мислење имаат 54% од испитаните Французи, 27% негативно и 19% не се изјаснуваат. Ако 61% од испитаните сметаат дека таа нема влијание врз политиката на својот сопруг со кого е во брак од февруари 2008 година, дури 71% сметаат дека таа дава добар впечаток за Франција во странство.

Книгите посветени на Карла сигурно ќе се продаваат, но нема да придонесат многу за подобрување на разнишаниот имиџ на францускиот претседател и дома и во странство.


#
Статијата е прочитана 2707 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe
Датум: 23.09.2010 08:44:19
a dali ima u trofeite nekoj pajtondjija, oboeni od koloniite, romi, bosanci i slicno.. ??

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Озаконето лихварство
Лихварите да се гонат, а не да се легализираат
Голата Кајли причина за смеа
Учебници од СФРЈ
Ги слуша ли полицијата апелите на ИВЗ?
Крвава облека ја помати свеченоста во „Идризово“
Пропагандни проекции на Ставрески
Вербална војна меѓу Скопје и Атина
Карикатура
Стил



"""