Роби Вилијамс
Голата Кајли причина за смеа
Пејачот Роби Вилијамс во својата биографија „Ти ме знаеш“ препорача анегдота за снимањето на заедничкиот спот со Кајли Миног, за песната „Деца“. Во пејачката со австралиско потекло бил вљубен уште во 80-тите години, додека настапувала во сапунската опера „Соседи“. Долго време сонувал за неа, откако за време на снимањето на спотот убавата Австралијка се соблекла и стоела гола пред Роби Вилијамс. За да собере храброст до крајот на снимањето на спотот, Роби испил неколку чаши алкохол, меѓутоа, претерал со пиењето и почнал да се смее кога видел како Кајли се соблекла. „Едноставно, почнав да се смеам. Мислам дека тоа не и' се допадна на Кајли. Веројатно сум ја навредил со тоа што го сторив. Можеби се чувствувала ранливо, бидејќи беше на снимање, а згора на се' дека тоа го сторила пред мене“, изјави Вилијамс. „Мислам дека каква било можност за некаков наш иден однос исчезна кога почнав да се смеам. Можеби сака да биде гола, но, веројатно, не и' се допаѓа кога некој и' се смее“, додаде пејачот. |