Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Ги слуша ли полицијата апелите на ИВЗ?

Од МВР вчера повторија дека во континуитет ja следат состојбата со ширењето на радикалниот ислам

Светлана Унковска


Барањето на поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, кој реши јавно да побара и од надлежните државни институции, но и од САД и од ЕУ да направат се' што е можно да се запре ширењето на радикалниот исламизам во земјава укажува на сериозноста од постоењето на овој проблем.

За опасноста од вахабизмот во земјава се чини дека единствено е за��рижен поглаварот Реџепи, кој со својот настап го отвора прашањето зошто и покрај тоа што се' упатува на постоењето на оваа закана, не се презема ништо за справување и негово пресекување во корен пред да добие замав. Поглаварот Реџепи, кој отворено проговори за верскиот фундаментализам во земјава дури откако се случи инцидентот во Иса-бег џамијата пред околу три месеци, сега веќе јасно укажува дека тоа може сериозно да ја загрози и нашава земја. Како главен предводник во ширењето на фундаментализмот тој го посочува контроверзниот оџа Рамадан Рамадани, кој беше разрешен од Скопското муфтиство. Тој обвинува, пак, дека главниот проблем и опасност од екстремизмот лежи во нефункционирањето и корумпираноста на ИВЗ.

Од МВР вчера повторија дека тие во континуитет ги следат состојбата со ширењето на радикалниот ислам во земјава.

„МВР секогаш стои и ќе стои на располагање на ИВЗ за соработка при решавање на проблемите со кои се соочува. Од овој аспект, МВР во континуитет ја следи состојбата со ширењето на радикалниот ислам и доколку има какви било сомненија или релевантни сознанија за сторени кривични дела, МВР е подготвено да интервенира. Сепак, мораме да укажеме дека МВР не смее да се меша во внатрешните состојби и односите на верските заедници, а од друга страна ние ќе постапиме во момент кога ќе има релевантни сознанија за какво било кривично дело“, ни изјави портпаролот на МВР, Иво Котески. Тој не сакаше да прецизира дали со тоа што велат дека тие ги следат во континуитет состојбите укажува на фактот дека вахабизмот, сепак, се шири и ја доведува во опасност нашава земја, на што укажува и поглаварот.

Поради чувствителноста на ова прашање, голем број од познавачите на состојбите одбиваат јавно да говорат, но, сепак, укажуваат дека главниот проблем во ширење на фундаментализмот е мешањето на политиката преку судирот на интересите на двете поголеми партии на Албанците, ДПА и ДУИ. Покрај големото влијание врз граѓаните преку нивно присуство во ИВЗ, се тврди и дека голем е интересот за средствата кои ИВЗ ги добива како донации од голем број арапски земји.

Како главен предводник во ширење на радикалниот ислам и криминалот, ИВЗ го посочува Рамадан Рамадани, кој беше суспендиран од страна на Скопското муфтиство. ИВЗ уште веднаш го обвини дека тој го шири фундаментализмот во земјава и дека финансиски бил поддржан од криминални структури.

Рамадани вчера во изјава за „Утрински весник“ рече дека барањето на поглаварот Реџепи тој ја гледа како еден вид соработка со министерот за внатрешни работи на Србија, кој упорно сакал да докаже дека Македонија е проблематична земја и обвини дека за тоа е виновна корумпираноста на ИВЗ, која примала пари од неколку земји, како што се, на пример, Либија и Саудиска Арабија.

„Секаде во исламскиот свет основната подлога на екстремизмот е корумпирана и нефункционална верска заедница. Ако продолжи поглавар да биде Сулејман Реџепи, постои ризик ИВЗ да биде доведена во колапс и тогаш ќе се појават екстремни групи што ќе и' наштетат на нашава земја“, вели Рамадани. Според него, поглаварот Сулејман Реџепи мора да биде симнат од ИВЗ, за кое досега од верниците има собрано околу 7.200 потписи. Иако е тоа само 25 отсто од вкупното албанско население што живе во Скопје, сепак, е убеден дека ќе биде доволно за да побара негова смена.

Рамадани убедува дека во досегашните негови активности воопшто немал поврзаност со никакви фундаменталисти и дека не ширел радикален ислам преку предавања што се вршат во некои скопски џамии. Познато е дека во Иса-бег џамијата од каде што тој беше разрешен, како и џамиите Јахја-паша, Султан Мурат, Алаџа и Тутунсус, веќе подолго време се тврди дека се упоришта на вахабистите кои преку проповеди шират радикален исламизам и тоа преку придобивање млади кои се учат да ги прифаќаат обичаите, однесувањето и начинот на облекување.


#
Статијата е прочитана 1203 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 22.09.2010 12:33:49
A sto ima policijata da se mesa vo religija i religiozni ucenja. Teror,bombi, kamenuvanja,seberaznesuvanja..... se uste ne pocnale da pravat, a i nema potreba da pravat, nie so muslimanite ovde ziveeme so vekovi zaedno i si gi pocituvame tradiciite obicaite i.t.n. Toa sto IVZ se plasi nekoj drug "odza" da ne im ja zemi foteljata, e nivni vnatresen problem, sto ima drzavata/policijata da se mesa vo nivnite kavgi i nesoglasuvanja.Isto taka pogolemiot broj na novoizgradeni dzamii(duri i na drzavno zemjiste i bez dozvoli)se finansirani od vahabistite,Saudiska A. i Iran. Trebalo uste togas da mislat dali da dozvolat takov kapital da vleguva ovde i za koja namena.Togas im bese slatko,site kutea, pa sega aj policijata ke se "tepa" so vahabiite.Kasno e.
Од: citatel
Датум: 23.09.2010 01:06:34
Da bides pripadnik na odredena religija ili na nejzin podgranok ne e problemticno. Da bides ekstremen e. Ko sto sum cital, vehabiite se od arabija, a nasive muslimani se vrzani so turcija. A ako Redzepi ucel vo arabija (kuvajt), a Ramadani vo Turcija, koj e togas tuka vehabija? Cirkus! Ova na sekoj istoricar mu e jasno.
Од: skopje
Датум: 23.09.2010 02:06:37
ako policijata svarno raboti vo interes na graganite i muslimanite vo Makedonija, treba da dade odgovor na mnogute otvoreni prasania, bez koii ne moze da ima mir vo domot. Koi ja napadna bifsiot poglavar na ivz Arif Emini?? Koi gi pretepal imamite vo Kondovo?!! Koi pukase vo teoloskiot fakultet vo Kondovo?!! Koi pukase vo zgradata na ivz, denta koga redzepi stane poglavar??? Koi ja zatvori Tetovskoto muftistvo vo 2006?? Kako sulejman redzepi dojde na celo na ivz??!! Kako afrim ferati koi bese uapsen za trgovija so droga, bese vraboten vo IVZ?? Kako brakata na krasnici se uste zemat plata od IVZ? Kako sinot na redzepi dojde na rabotno mesto upravnik vo medreseto?!!! Koi se kriminalcite koi i den deneska se slikat so redzepi??? Kako redzepi i sinovite pravat trgovija so vizite od adzilek, i so prodazbata na kurbanite?!!! Sto gi spoi nekogasnite neprijateli sabaudin mamuti i zekirija bajrami so sulejman redzepi?? Ako se razjasnat ovie raboti, mvr napravil najgolema rabota.
Од: stefan
Датум: 23.09.2010 02:19:20
Фундаментализам значи темел , а темел на христијанството и исламот е обожавање на Створителот повикување во добро и одвраќање од зло. Значи еден темел е мир. "кои се учат да ги прифаќаат обичаите, однесувањето и начинот на облекување" прашање : од кога слободата во модата е забранета ?
Од: Mujo Hasic
Датум: 23.09.2010 06:33:56
А дали ИВЗ ја слушаше полицијата 2001.Тие си ги донесоа тие вахабисти тогаш,сега нека играт.Впроцем сега имаме Албанци во војската и полицијата па министерството треба да ги пушта нив да си ги решаваат ваквите проблеми.
Од: Prespanec
Датум: 23.09.2010 09:02:24
Не се согласувам во целос со гос. Јован. Државата будно треба да ја следи ситуацијата за да не дојде во ситуација како во народната; после свадба тапани. Инаку предупредувањата на гос. Хаџи Сулејман Реџепи од ИВЗ не се без основа и не се наивни. Само погледајте што се случува во Санџак баш од делувањето на истите структури. Ако огнот се запали тешко се гасни. Затоа евреинот ги тепал девојчињата пред да одат на вода. Од мена толку.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Озаконето лихварство
Лихварите да се гонат, а не да се легализираат
Убавиот товар на Саркози
Голата Кајли причина за смеа
Учебници од СФРЈ
Крвава облека ја помати свеченоста во „Идризово“
Пропагандни проекции на Ставрески
Вербална војна меѓу Скопје и Атина
Карикатура
Стил



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing