Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Леонидас Варгас застрелан во болничкиот кревет

МАДРИД - Леонидас Варгас, едно време моќен колумбиски трговец со дрога, беше застрелан во болничкиот кревет во Мадрид. Полицијата соопшти дека вооружено лице влегло во неговата соба и испукал четири куршуми во Варгас, кој бил лекуван од белите дробови. Варгас (59), беше лидер на картелот Какета кој управуваше со огромниот број лаборатории за кокаин во Колумбија во 80-тите години. По издржувањето на затворската казна во Колумбија, тој во 2006 година беше уапсен во Шпанија, но беше ослободен со кауција и го чекаше одржувањето на судскиот процес. Шпанските власти го уапсија за поседување фалсификуван венецуелски пасош, а тој подоцна беше обвинет во врска со транспорт на 500 килограми кокаин. Неговиот судски процес беше одолжуван и тој беше примен во болницата „Доче де Октубре“ на почетокот од јануари за проблеми со белите дробови.

Очевидци на настанот посочија дека две лица влегле во собата на Варгас на петтиот кат од болницата. Еден од нив извадил пиштол со придушувач и истрелал четири куршуми кон Варгас кој спиел. Неговото убиство се верува дека е дел од израмнување на сметките меѓу ривалски организации за трговија со дрога, јави дописникот на Би-Би-Си во Колумбија. Варгас живееше подалеку од очите на јавноста откако беше ослободен во Колумбија, меѓутоа, во 80-тите години тој се здружи со моќниот наркокартел Меделин на Пабло Ескобар. Се покажа како интересно прашањето околу неговото богатство, откако колумбиската држава заплени имот од негова вредност од 29 милиони долари. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 1043 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Израел ги игнорира ОН и продолжува со напади
Белиот фосфор - скриено оружје на Израелците
Гасот ќе стигне за три дена
Кризата со гас ја покажа поделеноста на ЕУ
Во пожар во Карачи загинаа 39 лица
Бомбаш-самоубиец уби 10 цивили