Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Израел ги игнорира ОН и продолжува со напади

Израелската шефица на дипломатијата навести дека мала е веројатноста за замолкнување на оружјето

ГАЗА - Израел вчера ја отфрли Резолуцијата на ОН со која се бара примирје во Газа и додека авионите и тенковите повторно ја напаѓаа палестинската енклава, министрите дебатираа дали да ја интензивираат двонеделната кампања против герилците на Хамас. Во услови кога билансот на цивилните жртви изнесува неколку стотици и се зголемува и покрај осудите за Израел од Црвениот крст, организациите на ОН и арапските и европските влади, дипломатите исто така изразија вознемиреност дека разговорите за примирје со посредство на Египет кои започнаа неделава би можеле да пропаднат. Воздушните сили на Израел јавија дека погодиле над 50 цели. Палестински медицински извори ги потврдија информациите за најмалку 18 загинати, меѓу кои има и цивили.

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт ја отфрли Резолуцијата на Советот за безбедност со која се бара „итно и трајно“ примирје како неупотреблива. Тој даде изјава додека се уште траеше средбата на кабинетот за безбедност на кој се разгледуваше дали да се испратат резервисти за упад во главните урбани центри.

Израелски воени авиони истрелаа бомби врз предградијата на Газа, јавуваат жителите. На други места во појасот Газа палестински медицински извори јавија дека тенкови гранатирале куќа во Беит Лахија во северниот дел, при што загинале шестмина Палестинци од исто семејство.

Египетската иницијатива, со посредство на францускиот претседател Никола Саркози на почетокот на неделата, можеби се соочува со проблеми. „Разговорите за примирје во моментот не водат нигде“, изјави за Ројтерс висок европски дипломат. „Постои се' поголемо чувство дека египетско-францускиот план нема да биде остварлив“.

Жестокиот напад врз Газа, каде што се убиени голем број на цивили, вклучувајќи и деца, има силна поддршка кај израелските гласачи кои следниот месец излегуваат на гласање. Повеќето ја поддржуваат целта на Олмерт за окончување на неколкугодишните ракетни напади од Хамас врз израелски градови, во кои од 2000 година загинаа 22 лица. Палестинците во окупираниот Западен Брег, кој е под контрола на Фатах, движење под команда на п��етседателот Махмуд Абас, се бесни од израелската офанзива, а израелските сили и полицијата на Абас од вчера се во состојба на готовност во случај на избувнување на насилства за време на пладневните неделни молитви во џамиите.

Во Резолуцијата на ОН се повикува на примирје кое нема да биде само „моментално“ туку и „долготрајно и во целост почитувано“ - јазик што одекнува со израелски и американски барања во тие преговори Израел да обезбеди гаранции дека неговите исламистички непријатели од Хамас ќе бидат онеспособени повторно да се вооружат со стопирање на шверцот на оружје од Египет. Франција, која во вторникот посредуваше за договорот за прекин на огнот проследен од страна на Египет, соопшти дека резолуцијата ги дополнува преговорите на кои посредува Каиро, но става јасно на знаење дека не очекува Израел веднаш да реагира.: „Тоа не е крај на приказната“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ерик Шевалие за Би-Би-Си. „Кога ова ќе тргне во насоката што ние ја посакуваме...примирје и остатокот од пакетот, не знаеме“.

Израелското воено воздухопловство погоди најмалку 50 цели низ енклавата, вклучувајќи и лансирни рампи за ракети и објекти што се користеле за производство на ракети, изјави портпаролот на армијата. Командантите на израелската армија изгледа се заинтересирани за спроведување на она што се нарекува трета фаза од операцијата со дополнителни копнени сили што ќе се испратат во средиштето на зајакнатите области на Газа за да ги истераат вооружените лица и да се обидат да се стекнат со предност.

Раководството на Газа од редовите на Хамас испрати комбинирани сигнали околу резолуцијата. Портпаролот на Хамас, Ајман Таха изјави дека групата не ја признава резолуцијата бидејќи не била предходно консултирана. Меѓутоа, друг портпарол изјави дека Хамас ја „проучува“ резолуцијата. Во резолуцијата, за која беше извршен притисок од страна на арапските земји покрај напорите на Велика Британија, Франција и САД за попридушена верзија, се повикува на подготовки за спречување на шверцот на оружје во Газа и за отворање на нејзините граници. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави: „САД сметаат дека е од голема важност да се видат резултатите од египетските напори за посредување со цел да се увиди што оваа резолуција поддржува. Тоа е и причината зошто ние се одлучивме да бидеме воздржани“. Во резолуцијата се наведува дека треба да има „непречена набавка“ и дистрибуција на хуманитарна помош за територијата, во која живеат 1,5 милиони луѓе, повеќето од нив се зависни од помошта во храна.

Хуманитарната агенција на ОН која дистрибуира огромен дел во помошта во Газа и вчера ги суспендираше операциите по смртта на еден од нивните возачи во израелската офанзива. Не е јасно кога ќе се продолжи со дистрибуцијата на хуманитарната помош. Официјални лица на Хамас изјавија дека бројката на загинати Палестинци се искачи на 783, од кои повеќе од една третина се деца. Израелската армија соопшти дека милитантите вчера истрелале најмалку четири ракети кон Израел. Израел вчера распореди 3.000 полицајци во Ерусалим пред почетокот на молитвите во Стариот град. Полицијата го ограничи пристапот на Палестинците на молитвите, за мажи на возраст до 55 и жени до 50 години.

Во Газа локалниот медицински персонал и оној на Црвената полумесечина користејќи го временскиот теснец во координација со израелските сили, посочија дека ги собираат мртвите тела во местата до кои е премногу ризично да се дојде со оглед на тоа дека пред шест дена израелските сили ја почнаа и нивната копнена офанзива. Десет војници се убиени во операцијата започната од Израел за уништување на силите на Хамас и стопирање на ракетните напади од Газа врз Израел. Израел соопшти дека прави се' што е во негова моќ за избегнување на цивилни жртви, меѓутоа, го обвинува Хамас за намерно стационирање на своите борци во близина на домови и џамии.

Од почетокот на офанзивата во ракетни напади загинаа тројца израелски цивили. Олмерт наведе дека целта на Израел не е постигната, и дека е на повидок донесување одлука за дополнителни воени операции. Израел соопшти дека ги прифаќа „принципите“ на предложеното примирје од Египет и ЕУ, а Вашингтон апелираше до еврејската држава да ги проучи деталите на планот.

Хамас, избегнуван од Запад поради тоа што се залага за насилство, соопшти дека се' уште ги разгледува предлозите. Меѓутоа, милитантите посочија дека никогаш нема да го прифатат Израел, чиешто државно уредување во конфлик��от пред 60 години им ги одзеде имотите и ги расели Палестинците. Европските влади понудија поддршка за планот со погранични сили на ЕУ за спречување на Хамас повторно да се вооружи преку подземните тунели од Египет. Во договорот, исто така, се одговара на палестинските апели за окончување на израелската економска блокада на појасот Газа. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 224 пати.

Испрати коментар

Од: strumichanec
Датум: 10.01.2009 15:19:01
ako se izbrojat site utepani arapi od strana na drzhavata izrael od 1948-ma do deneska sigurno kje dojdeme do brojka koja se priblizhuva do 1.000.000. i posle evreite kje plachat deka milioni nevini evrei bile ubieni vo 2-rata svetska vojna. tie go pravat istoto na palestincite. sram da im e.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Белиот фосфор - скриено оружје на Израелците
Гасот ќе стигне за три дена
Кризата со гас ја покажа поделеноста на ЕУ
Леонидас Варгас застрелан во болничкиот кревет
Во пожар во Карачи загинаа 39 лица
Бомбаш-самоубиец уби 10 цивили