Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Белиот фосфор - скриено оружје на Израелците

Контроверзното оружје е забрането со Конвенцијата за хемиски оружја

Тамара Грнчароска

Експлозија во воздух и дожд од огнени топки проследени со густ чад изминативе десетина дена паѓаше врз појасот Газа, сеејќи смрт меѓу луѓето кои се наоѓаа под него. Фотографиите и снимките на медиумите кои известуваа од војната во појасот Газа, но и изгорениците кај некои од палестинските жртви, јасно укажува на употребата на забранетите фосфорни ракети од страна на Израел, иако официјално тоа не е потврдено. Дејството на „обичните“ ракети и забранетите касетни бомби Израелците ги засилија и со разорувачката моќ на проектилите со бел фосфор или во армиски жаргон попознати како ВП-проектили.

Белиот фосфор кој почнува да согорува при допир со кислород и гори се' додека не биде целосно апсорбиран, опасен не само поради моќта да запали се' пред себе, туку и поради тоа што е смртоносен и при допир на кожа или вдишување, вброен е во редот на неконвенционалните оружја. Контроверзното оружје кое не спаѓа во хемиски оружја, но чија употреба е забранета со меѓународната Конвенција за хемиски оружја поради својата потенцијална употреба врз цивилно население, убива на повеќе начини. Неговата апсорпција во телото преку изгорениците, кои ги предизвикува од втор или трет степен, но и со вдишување на неговиот чад, ги разорува црниот дроб, срцето, белите дробови.

Од страна на Израел проектилите со бел фосфор се употребувани и порано, во нападот врз Либан во 2006 година. Израел ја правдаше неговата употреба врз Либан поради „маркирање на непријателските цели и територија“. Експлозијата и согорувањето на фосфорните бомби создава облак од чад и дожд од огнени топки кои армиите не ретко го користат како изговор дека ги употребуваат за попречување на видливоста на непријателот или осветлување на неговите позиции.

Првпат употребени во 19 век од страна на ирските бунтовници, експлозивните направи со бел фосфор, кој согорувајќи во допир со кислород уништува и спалува се' пред себе, се користат во речиси сите војни од тогаш до денес. Британците го употребуваа во Првата светска војна, додека во Втората светска војна главно ги користеа Американците и Комонвелтот. Голема употреба ова оружје доживеа во војните во Виетнам и во Кореја, но и во војната во Чеченија. Според податоците во битката за Грозни во декември 1994 година, секоја четврти или петти истрелан проектил на руската армија бил со фосфорен чад.

И Садам Хусен беше обвинет дека ги користел ВП-бомбите против бунтот на Курдите во 1988 година, заедно со друго хемиско оружје, додека американската армија прво ја потврди, па потоа ја негираше употребата на белиот фосфор против ирачките бунтовници во Фалуџа во 2004 година.


Статијата е прочитана 1097 пати.

Испрати коментар

Од: paganini
Датум: 10.01.2009 12:14:41
што народ ќе беа евреите ? на толку маки низ кои поминале научиле дека се секогаш во право.и чифт и тек е нивно.ако фрлаат бомби се бранат,маркираат цели и сл.ако некој фрла на нив тогаш со сиот глас викаат дека биле жртви на агресија,нападнати од терористи и имале право да се бранат.а другите немаат право да се бранат кога тие пукаат со разно разни орудија забранети за употреба.ни терај ни мводи.резолуции на оон не важат за нив.прекин на огнот и хуманитарна помош за жртвите на нивната *одбрана* уште помалку. удри и плачи.не само арапите туку целиор свет е заложник на нивната *одбрана од тероризмот* во која најчесто жртви се деца.до кога ?
Од: Георги
Датум: 10.01.2009 15:13:12
Ништо да не ве чуди, кога тие Христа Го распнаа и убија па што осанало за еден до два милиона палестинци! Но безумникот неможе да го скрие своето безумство. Кога пилат ги праша кого да ви го пуштам Варава или Христа вашиот цар, тие побараа да им го пушти разбојникот тогаш Пилат им рече невин сум за крвта на овој праведник и сите повикаа Неговата крв нека падне на нас и на нашите деца. Но тие не се свесни дека и по повеќе од две илјади години квта Негова паѓа токму на нив, а ќе продолжи да паѓа се додека постои светот. Но бидејќи тие се „избран народ Божји„ можат се да прават без да дадат некому одговор, но баш на Господ наш Исус Христос кои тие го распнаа токму на Него тие ќе Му дадат одговор.
Од: pejo palestineco
Датум: 10.01.2009 19:24:01
abe koj dzaol gi terase palestincite da go gagjaat izrael so raketi? So im trebase toj luksuz???
Од: tombolla
Датум: 10.01.2009 19:54:36
izdajnici se judite tamam na vremeto na isus go spioniraa.pa sega celiot svet go spioniraat i pak se praat nevini.nee ni dozvolan toj fosforot.spoinot na isus juda se vikal eve gi sto praat-palestincite sami gi primija vo nivnata drzava eve sto gi snajde.
Од: Resistence
Датум: 11.01.2009 02:42:17
Dovolno kazano georgi. I posle tie ti bilie luge "izbrani "od Gospod. Bog da cuva i da brani. Abe ovie luge se psikopati bre.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Израел ги игнорира ОН и продолжува со напади
Гасот ќе стигне за три дена
Кризата со гас ја покажа поделеноста на ЕУ
Леонидас Варгас застрелан во болничкиот кревет
Во пожар во Карачи загинаа 39 лица
Бомбаш-самоубиец уби 10 цивили