Во пожар во Карачи загинаа 39 лица
КАРАЧИ - Пожар избувна во сиромашно предградие во пакистанскиот град Карачи вчера изутрина при што загинаа 39 лица, вклучувајќи 20 деца, изјавија официјални лица и очевидци на настанот. Пожарот избувна околу еден часот по полноќ и набрзина се прошири на околу 40 куќарки кои се издигнаа на празното парче земја опколено со згради во пренаселениот град.
„Ние спиевме кога избувна пожарот. Тој набрзина се прошири низ целата област“, рече Максуд Ахмед, жител на оваа населба кој загуби тројца членови од неговото семејство во пожарот. Министерот за здравство на провинцијата, Сагир Ахмед изјави дека се верува оти пожарот избувнал од оган што некој од жителите го запалиле пред куќите за да се загреат во студената ноќ.
Официјален претставник на локалната полиција Амин Ур Реман за Ројтерс изјави дека бројката на жртви е голема поради тоа што куќите од три страни биле опколени од згради. (Ројтерс) |