Брoj 2788  вторник, 16 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Дождовите го спасија критичното ниво на Охридско Езеро

 

Само за 24 часа нивото на езерото се зголеми за три сантиметри

ОХРИД - Интензивните дождови од завчера и вчера го спречија опаѓањето на нивото на водата во Охридско Езеро што дојде до критичната кота. Минатиот викенд, кога температурите беа над 30 степени и кога немаше врнежи, нивото на Охридското Езеро се спушти на минималната кота од 263,10 сантиметри.

Нивото и натаму ќе опаѓаше доколку не почнеа врнежите, со што нивото само за 24 часа се зголеми за три сантиметри, со очекување дека во следните два дена ќе се зголеми за уште толку, вели Јосиф Милевски од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

„Минатата зима беше сушна, а такво беше и летово. Врнежите беа добредојдени за подобрување на хидролошката состојба и позитивно ќе влијаат и најавените есенски врнежи“, нагласува Милевски. За него е важно да не дојде до повторно паѓање на нивото под критичната точка. За стабилизирање на ситуацијата битно ќе влијае и испарувањето на површината од езерото кое ќе се намали под влијание на паѓањето на температурите на воздухот.

Во Охрид само за еден ден наврнаа 54 литри дожд на квадратен метар, што беше најмногу во Република Македонија. Кај експертите има надеж дека во текот на есента ќе има стабилна хидролошка состојба и тоа позитивно ќе влијае на нивото на водата во Охридското Езеро, вели Панче Трајановски од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Експертите од Хидробиолошкиот институт во Охрид оценуваат дека пониското ниво на езерото ќе влијаеше врз рамнотежата на растителниот и животинскиот свет. Според професор д-р Здравко Крстановски, тоа прво ќе се почувствуваше во литоралната зона, по должината на крајбрежјето, што е природна врска меѓу мочуришниот дел и водата во Охридското Езеро, низ која се движи планктонот од кој се хранат ретките видови охридска пастрмка.

Од хидроцентралата „Глобочица“ кај Струга, што е дел на ЕЛЕМ, нагласуваат дека не испуштале дополнителни количини вода за потребите на хидроелектраните во Албанија и дека новите дождови ќе придонесат за нормализирање на хидролошката состојба во езерото и реката Црн Дрим. (С.И.)


Статијата е прочитана 343 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Четири понуди за трамвајски систем во Скопје
Македонското знаме на Арарат
Чекајќи субвенции, социјалците може да останат без струја
Над 2.500 правници поминале обука во Академијата за судии
На дисперзираните студии уписи без конкурс
„Јаја Мезлер“ ќе плаќа пенали за „Македонка џинс“