Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Забава

Новогодишен бонтон

Не мора да се бакнуваат сите на забавата

Како во најлудата ноќ во годината, кога се чини дека се' е дозволено, да не се премине границата на добриот вкус и со своите гафови да не им се расипе забавата на другите, пред се', на домаќинот. Повеќе автори на книги од типот „Современ бонтон“ велат дека правилата за убаво однесување во новогодишната ноќ се сосема јасни.

Во познати друштва домаќинот може да напомене дека секој треба да донесе некој прилог за забавата. Дури и меѓу помалку познати, тоа може да се постигне, на пример, со забелешката: „навистина би било убаво да ги пробаме вашите прекрасни кифлички“ и слично. Во поформални друштва, таквите придонеси не се очекуваат, но, подарок за домаќините се подразбира. Освен цвеќе и вино, на познатите може да им се дарува и книга, носач на звук, графика... Пристојно е домаќинот веднаш да го отвори подарокот, да го стави на видливо место и да им се заблагодари на сите, независно од вредноста на подарокот. Со свеченото облекување не треба да се претерува, но облеката треба да покаже дека не станува збор за секојдневно дружење.

Умереноста е на цена со шегите, изборот на музиката, а умереноста во јадењето и пиењето е сигурен знак за добро воспитување.

Кај нас, границата на убаво однесување најчесто се преминува токму со пиењето на алкохол и бакнување на сите по ред што може да предизвика машко-женски недоразбирања и непријатни сцени. Освен тоа, честитката нема да биде ништо помалку вредна и ако некој што е настинат го прескокне бакнувањето.

Често е двоумењето на домашните забави за соблекување на чевлите. Ако домаќините го сакаат тоа, треба да им порачаат на гостите доволен број влечки. Меѓутоа, бидејќи во Новата година се танцува, влечките не се соодветни и домаќините во таа пригода, сепак, би требало да им дадат предност на чевлите.

Што се однесува до облеката, на дочекот на Новата година, соодветна е малку посвечена облека. Но, за трошка се премногу посебно шиени тоалети и богат накит. Тоа е, сепак, облека за свечености до посебна публика.

Редоследот на честитање оди од домаќинот, па кон најстарите и најугледните членови на друштвото, со тоа што на мажите им се остава правото „се' најубаво“ прво да им посакаат на своите поубави половини.

Бакнежот на полноќ не е задолжителен и не е секогаш добредојден, дури и во помали друштва. Особено не треба да се инсистира на прослава

во локали, плоштади и слично. Освен ако не се

јасни знаците дека и другата страна е подготвена

за тоа. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1234 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Новогодишно мени со љубовен зачин
Љубовта волшебно го движи светот
Мојата прва Нова година со Максим
Познати бебиња во 2010
Почина пејачот на „Бони М“
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks