Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Забава

Познати бебиња во 2010

Моника Белучи и Венсан Касел

Италијанската актерка Моника Белучи вторпат стана мајка кон крајот на мај. Само неколку месеци потоа ќеркичката Леони се најде на насловната страница на „Венити Фер“.



Аланис Морисет и Марио Тредвеј

Станаа родители на 25 декември, католички Божик, кога го добија својот син Евер Имре Морисет Тредвеј.



Метју Меконахи и Камила Алвес

Двојката го доби своето второ дете, ќеркичката Вида, која се роди на 3 јануари. Има постар брат Левиј (2).



Ерик Дејн и Ребека Гејхарт

Атрактивниот лекар од серијата „Вовед во анатомија“ и неговата сопруга Ребека на 3 март станаа родители на здраво и убаво бебе кое го доби името Били Беатрис. Девојчето се роди во болница во Лос Анџелес.



Клаудија Шифер и Метју Вон

Моделката роди девојче, Вајолет, на 14 мај. Ова е трето дете на манекенката и нејзиниот сопруг, режисерот Метју Вон. Двојката веќе има две деца, Клементина и Каспер.



Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

По седми пат Костнер стана татко! Кристин, неговата втора сопруга, го роди нивното трето заедничко дете, Грејс Ејвери, во јуни 2010 година.



Алиша Кис и Суиз Биц

Кон средината на октомври музичката двојка првпат слушна бебешки плач во својот дом. Нивниот син се вика Иџипт Дин.



Мет и Лусија Дејмон

Мет Дејмон буквално живее во светот на жените! Неговата сопруга Лусијана на 20 октомври ја роди ќерката Стела Завала, која има три сестри.



Селин Дион и Рене Анжели

По неколку обиди да забремени Селин и Рене ги добија близнаци - Еси и Нелсон, кои се родија на 23 октомври. Тие имаат и постар брат Рене Чарлс (9).



Џон Траволта и Кели Престон

По трагичната смрт на синот двојката доби машко бебе што се роди во ноември. Покрај Бенџамин, тие ја имаат и десетгодишната ќерка Ела.


#
Статијата е прочитана 1458 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
„Утрински весник“ во Спомен-куќата на Проески
Новогодишно мени со љубовен зачин
Не мора да се бакнуваат сите на забавата
Љубовта волшебно го движи светот
Мојата прва Нова година со Максим
Почина пејачот на „Бони М“