Почина пејачот на „Бони М“
МОСКВА - Фронтменот на „Бони М“, Боби Фарел, вчера беше пронајден мртов во својата хотелска соба во Санкт Петербург еден ден по настапот во градот каде што во советско време бендот се издигна до ѕвездите, изјави вчера неговиот агент. „Тој минатата ноќ го изведе шоуто како дел од ’Бони М‘ на Боби Фарел и тие изутринава го пронајдоа мртов во својата хотелска соба“, изјави агентот Џон Сајн во телефонскиот разговор од Холандија. Фарел имаше 61 година. „Минатата ноќ тој не се чувствуваше најдобро и имаше проблеми со дишењето, но, сепак, го изведе шоуто“, додаде тој. Нема информации за причината за неговата смрт. Фарел беше познат по танцувањето и симулирање пеење за диско-бендот што стана познат во Европа, САД и во Советскиот Сојуз со песните „Реките на Вавилон“, „Распутини“ и „Ма Бејкер“. Боби Фарел беше македонски зет. Во 1980-тите години се ожени со една скопјанка. Свеченост за свадбата беше направена во Скопје. Потоа бракот се распадна. (З.Р.) |