Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

ЕБОР ги подобрува проекциите за македонскиот БДП

Европската банка за обнова и развој во својот најнов извештај ги ревидираше проекциите за растот на македонската економија за годинава од 2,5 проценти на 3,1. Јулските проекции на банката покажуваат нагорен тренд за македонскиот домашен бруто-производ за 0,6 проценти повеќе во однос на објавените проекции во мај. Следната година, според ЕБОР, економијата во Македонија ќе забележи трипроцентен раст, што претставува намалување за 0,1 процент од претходно проектираниот 3,1 отсто. Според ЕБОР, економските очекувања во Западен Балкан полека се подобруваат. Нагорно поместување за економскиот раст има и кај Албанија и кај Србија. „Босна и Херцеговина, Македонија и Србија имаат придобивки од глобалната побарувачка на метали од регионот. Економскиот раст во Македонија е уште позасилен со сегашниот брз пораст во градежниот сектор, додека растот во Србија се должи на големите инфраструктурни проекти и програми за заеми преку субвенции“, се наведува во најновиот извештај на банката. Сепак, ЕБОР е загрижен за нивото на инфлација во Србија, која изнесуваше 12,7 проценти во јуни, но се наведува дека има голема веројатност инфлацијата значително да опадне во втората половина од годината. Економските движења во БиХ се под негативно влијание на политичките тешкотии што го попречуваат креирањето поефикасна уставна рамка.

Во најновиот извештај на ЕБОР, од земјите во Југоисточна Европа, нагорно ревидирање има и за растот на е��ономиите на Албанија од три отсто на 5,1 проценти, во Србија од 2,9 отсто на 3,3, а непроменета останува проекцијата за Босна и Херцеговина од двапроцентен раст. Пад во ревидираните проекции има кај Бугарија од 3,1 отсто на 2,3 проценти, кај Црна Гора од 2,5 отсто на 2,1, а кај Хрватска од 1,4 проценти на 1,1. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 371 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Нашата Берза „ладна“ и на грчкиот спас
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон
Рокот за дивоградби останува 3 септември
И даночници со фирми не издавале фискални
Жетвата на пченицата при крај, цената неизвесна
Исполнет предусловот за преселба

"""