Исполнет предусловот за преселба
Врз основа на одлуката на Собранието на „Македонски телеком“, дополнителната длабинска анализа на новиот план за сместување на „Македонски телеком“ и на „Т-мобиле“е завршена со задоволителни резултати според соодветните извештаи, соопштија вчера од компанијата. „Задоволителните резултати од длабинската анализа се предуслов за склучување договор за продажба на административните згради на ’Македонски телеком‘ и на ’Т-мобиле‘ и купување нова зграда со инвеститорот ’Дивелоп груп‘ - Скопје“, се вели во соопштението. (МИА) |