Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Економија

Жетвата на пченицата при крај, цената неизвесна

Жетвата на пченицата привршува. Земјоделците се задоволни од квалитетот и од приносите што се очекува да достигнат 300.000 тони, но не и од откупната цена, 13 денари за килограм што ја нудат мелничарите.

Сушата, велат, не се одрази значително врз житото, иако родот малку го намалија високите температури во последните неколку дена.

„Годинава имаме средно бериќетна жетва. Приносите од пченицата се добри, многу подобри од лани, но потфрлија на површините каде што не се применуваа соодветни агротехнички мерки, односно каде што не се употребуваше доволно минерално ѓубре и заштита на растенијата од плевели и штетници“, вели претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров. Производителите го чекаат формирањето на новата влада за да се реализира, како што рече Тантаров, ветувањето за откуп на 40.000 тони пченица за потребите на стоковите резерви. „Очекуваме Владата да донесе и одлука за поврзување на увозот на пченица и брашно со откуп на домашна пченица, како лани. Дали овие мерки се добри или лоши, времето ќе покаже. Секоја земја има инструменти за заштита на домашното производство од преголем увоз“, смета Тантаров.

Тој уште еднаш напомена дека земјоделците нема да ја дадат пченицата под 15 денари за килограм. Според него иако државата пролетва на мелничарите им даде пченица од стоковните резерви по 16 денари за килограм, кога увезуваа за 20 денари, тие добија 40.000 тони, а не ја намалија цената на лебот. Македонскиот пазар годишно има потреба од околу 280.000 тони пченица. Поради практиката на преработувачите да не се откупува домашното жито во целост, увозот во просек достигнува 120.000 тони. (МИА)


#
Статијата е прочитана 328 пати.

Испрати коментар

Од: bitola
Датум: 23.07.2011 05:46:52
vasiot vesnik treba da ispita kolkavo clenstvo broj sojuzot na zemjodelci,i poslem da zemate izjavi od ovaj samonarecen lider privrzok za svoi interes,od nego site zemjodelci a i luge[posteni] sto go znat krenaa race a vie zemaki izjavi od nego si go gubite rejtingo na vasiot vesnik..
Од: mkd
Датум: 23.07.2011 06:54:42
Na svetskite berzi poradi slabiot rod i susata cenite drasticno rastat. Ako se pametni proizvoditelite mozat da postignat podobri ceni

Најди! во Утрински
Економија
Нашата Берза „ладна“ и на грчкиот спас
Малкумина и се израдуваа на новата цена на зелениот картон
Рокот за дивоградби останува 3 септември
И даночници со фирми не издавале фискални
ЕБОР ги подобрува проекциите за македонскиот БДП
Исполнет предусловот за преселба

"""