Момче тешко повредено во судир на камион и автомобил
Шеснаестгодишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. Сообраќајката се случила завчера околу 13,30 часот, кога камион со штипски таблички удрил во автомобил „даеву матиз“, управуван од скопјанецот А.П. (21). Во судирот настрадал Влатко Ѓ. (16), кој седел на совозачкото место во автомобилот.
Тинејџерот е пренесен во Градската болница и, според докторите, се наоѓа во критична здравствена состојба. (Ј.К.) |