Брoj 2721  четврток, 26 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

„Прилепските бомбаши“ за експлозиите чуле од медиумите

Започна судењето на шестемина обвинети за злосторничко здружување

Горан Адамовски

Во скопскиот Кривичен суд започна судењето на шестчлената група, позната во јавноста како "прилепските бомбаши", обвинети дека под закани со бомби, наводно, изнудувале пари од сограѓани. На вчерашниот главен претрес на обвинителната клупа седнаа Звонко Илиоски-Лутото (51) и неговиот син Самоил (29), Маријан Маркоски-Мачето (40) и Емил Ангелески-Ампата (30), додека на Злате Јованоски-Бомбата (24) и Горанчо Петрески-Трде (33) ќе им се суди во отсуство, бидејќи се во бегство. Доколку се покажат точни наводите на Обвинителството дека поранешните припадници на единицата "Лавови" извршиле злосторничко здружување и предизвикување општа опасност, им следува затворска казна од најмалку четири години.

Звонко Илиоски-Лутото, кој заедно со Никола Мојсовски-Кољо, кој во меѓувреме беше убиен, е посочен дека во 2001 година ја формирале опасната група, ги негираше ваквите тврдења. Во своето сведочење пред судот, Илиоски рече дека станува збор за "монтиран процес". Тој тврдеше дека целиот процес бил инициран од поранешен началник на прилепската крим-техника, кој бил осуден на шестмесечна затворска казна, бидејќи пред три години со четири лица го претепале Илиоски.

Илиоски, кој во своето досие има пресуда од една и пол година поради изнуда, ја оспоруваше и таа пресуда, тврдејќи дека од бизнисменот од Прилеп не сакал да изнуди пари, туку само си ги барал парите што требало да ги добие за бизнис-зделката што ја склучил со него.

"Тој постојано ме избегнуваше и затоа му праќав пораки преку мобилен телефон, во кои му пишував дека е измамник, а и го пцуев", сведочеше Илиоски. На прашањето на судијата Горан Бошевски да каже што знае за бомбите, Илиоски тврдеше дека за нив разбрал од "весниците и од зборувањето на граѓаните".

Според обвинението, оваа група ги извршила фамозните бомбашки напади во 2005 и во 2006 година кога беа фрлани серија од десетина "кашикари" и шок-бомби пред ноќни клубови, куќи на прилепски бизнисмени и угостители, но и на ексначалникот на крим-полицијата и на градоначалникот Марјан Ристески.


Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар

Од: prilepcanka
Датум: 26.06.2008 11:40:08
neznam samo dali se tie budali ili sakaat cel narod da ne pravat budali ami se znaese vo pp koj gi stava bombite a i toj inspektorot ne e bas mnogu cesen prv drugar ne delikventite mu e

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Во Македонија има 15.000 наркозависници
Момче тешко повредено во судир на камион и автомобил
Македонец во САД осуден на три години поради киднапирање на ќерките
Балканскиот наркобос Јоца Амстердам првпат пред судот