Во Македонија има 15.000 наркозависници
Расте бројот на наркозависници и дилери на дрога, а присуството на наркотици во Македонија е се' поголемо, предупредуваат од Сојузот за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркоманија.
„Во последниот период, сведоци сме на засилена активност на полицијата во запленување значителни количества разни видови на дроги наменети за нашиот пазар или транзит, но истовремено и вртоглав раст на лица кои злоупотребуваат опојни дроги, чиј број изнесува над 15.000 лица“, се вели во соопштението на Сојузот по повод 26 Јуни - Светскиот ден против злоупотреба и незаконска трговија со дрога.
Загрижувачки е што наркоманијата е присутна меѓу младите во завршните одделенија во основите училишта.
Сојузот побарал од Собранието да ја постави на дневен ред состојбата со болестите на зависност, а владата да ја понуди на усвојување долгоочекуваната Национална програма за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркоманија. (Ј.К.) |