Менувал гума на автомобилот, му украле 420 евра
Српскиот државјанин Б.В. (68) по лош ќе го памети престојот во земјава, откако во саботата попладне бил ограбен на автопатот Скопје-Тетово кај бензинската пумпа „Седум браќа“. Белграѓанецот менувал гума на својот автомобил „рено клио“, кога помош му понудил непознат маж на возраст од педесетина години. Глумејќи дека му помага, непознатиот преку отворениот прозорец во автомобилот, од задните седишта украл несесер и си заминал. Белграѓанецот подоцна сфатил дека останал без 420 евра, пасошот, пет платежни картички и другите лични документи. (Г.А.) |