Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Семејството бара подобар затворски третман за болниот Кирил Тодоровски

Блиските на градоначалникот очекуваат средба со претседателот Црвенковски

Љубиша Станковиќ

Поминаа пет дена откако градоначалникот на Општината Аеродром, Кирил Тодоровски, е во Арестантското одделение при Клиничкиот центар во Скопје. Неговите најблиски, но и неговите бранители се' уште немаат сознанија по чиј налог тој е испишан од Клиниката за урологија и по чиј налог тој е препратен во затворското одделение.

Никола Тодоровски, син на обвинетиот градоначалник, тврди дека неговиот татко е во многу лоша состојба, односно дека неколку дена наназад има висока температура, проследена со болки, крвавења и дијареја. Синот се сретнал со лекарите од Клиниката, но му било кажано дека сето тоа е нормална постоперативна состојба.

„Колку што ми е познато, пациенти со оперирана простата се испуштаат од болница за пет до седум дена, но состојбата со татко ми, по се' изгледа, дека не е како што треба да биде. Еве, и по 20 дена од извршениот оперативен зафат тој и натаму има сериозни проблеми, а лекарска нега нема, бидејќи е пренесен во Арестантското одделение“, вели Никола Тодоровски и додава: „Единствената лекарска нега е кога наутро, со стражарска придружба, оди во Клиниката за да ја прими препишаната терапија. На татко ми веќе не му праќаат и храна од затворот, а во Клиниката не може да добие оброк, бидејќи оттаму е испишан“.

Токму поради настанатата ситуација, членовите на семејството на градоначалникот Тодоровски најавуваат дека уште во текот на денешниот ден ќе го известат и Хелсиншкиот комитет за човекови права за се' што се случува. Втор чекор што планираат да го преземат најблиските на градоначалникот е да побараат прием кај претседателот на државата, Бранко Црвенковски. Според нив, евентуалната средба не треба да се доведува во контекст на неодамна поднесената иницијатива за аболиција на Тодоровски, туку таа е во правец на запознавање на претседателот за состојбата во кој се наоѓа градоначалникот и неговите намери, како претседател на граѓанско здружение, да помогне при изградбата на црквата „Свети пророк Илија“. Сепак, тие не кријат дека од претседателот очекуваат да ја искористи својата уставна можност и да го аболира градоначалникот и, како што велат, на тој начин „да му го спасат здравјето и животот“.

И адвокатите на Кирил Тодоровски преземаат мерки со кои ќе се издејствува негово ослободување од мерката притвор. Така, адвокатот Стеван Павлевски најавува уште една барање до Апелациониот суд во Скопје со кое, како гаранција, ќе понуди куќи и друг неподвижен имот од роднини и блиски на обвинетиот, а се' со цел првичната мерка да му се замени со куќен притвор.

 


Статијата е прочитана 733 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Приведени бугарски новинари кои го снимале битолскиот затвор
Загинал од струен удар при монтажа на хидрофор
Ограбена златарница, штетата 100.000 евра
Тринаесетгодишник загина во базен
Менувал гума на автомобилот, му украле 420 евра
Крадел во амбуланта, се повредил и барал помош
Дрвосе��ач загина во Велешко
Пијан тетовец претепал двајца специјалци
Таксист со нож нападнал патник

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.