Тринаесетгодишник загина во базен
Тринаесетгодишно момче загина во бизарна несреќа што вчера попладне се случи во виничкото село Блатец. Тинејџерот го загуби животот во детска игра, скокајќи во вода во базенот од семејна куќа. Според информациите од МВР, момчето било на базенот со уште едно момче на возраст од 10 години, кога скокнало на глава во водата. Но, водата не била многу длабока и детето со главата удрило на дното, здобивајќи се со смртоносни повреди. Полицијата вршеше увид на местото на несреќата во попладневните часови. (Г.А.) |