Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Приведени бугарски новинари кои го снимале битолскиот затвор

Битола - Тројца новинари на бугарската национална телевизија биле приведени откако полицијата ги фатила на самото место како од периферијата на градот го снимаат затворот. Инцидентот се случил во петокот претпладне кога тројцата странски државјани, кои се претставиле како новинари и техничари на бугарската национална телевизија, од месноста Германски гробишта на ридот на битолскиот Баир, без дозвола од надлежните направиле неколку панорамски снимки на битолскиот затвор во населбата Црн Мост.

По приведувањето, кај нив биле пронајдени десетина спорни фотографии.

„,Согласно со нашите закони, СВР-Битола приведе бугарски државјани под сомнение дека сториле прекршок, закана за националната безбедност, со снимање одредени објекти. По разговорот, тие беа ослободени, но им се одземени 10 спорни слики“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР- Битола. Во ослободувањето на странците интервенирал бугарскиот конзул во Битола, Илијан Караманов.

Информацијата за апсењето на новинарите веднаш била објавена на бугарските медиуми. Софиската агенција Новините, објави дека тројца членови на бугарската телевизија биле задржани од полицијата во Битола. „Директорот Константин Чакаров и двајца членови беа уапсени додека снимале објекти од национална безбедност“, стои во официјалната изјава. „Ние снимавме поглед на Битола од висока точка, за да ја вклучиме во проектот за Првата и Втората балканска војна. Кога пристигнаа две патроли, еден полицаец ни ги зеде личните документи и не' прекина во снимањето“, изјавил Чакаров. Потоа, не' приведоа и го прегледаа целиот материјал што го имавме снимено. За нашето ослободување ургираше бугарскиот конзул Илијан Краманов, истакнал тој за агенцијата Новините.

Во Битола се зборува дека овој инцидент, наводно, ја вознемири полицијата поради тоа што во битолскиот затвор е притворен Агим Красниќи. (А.Б.)

 


Статијата е прочитана 1017 пати.

Испрати коментар

Од: luli
Датум: 18.08.2008 16:41:32
interesno ili glupavo bugarski novinari si sobiraat informacii i sliki od zatvorot od bitola za da mu pomognat na kriminalecot agim krasniqi da pobegne?????hmhm ova bi ispadnal glup film neli , dali so slikanjeto na bitola i zatvorot nacionalnata bezbednost e postavena vo opasnost???????? zarem seuste sme vo 80''' ili pa..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Семејството бара подобар затворски третман за болниот Кирил Тодоровски
Загинал од струен удар при монтажа на хидрофор
Ограбена златарница, штетата 100.000 евра
Тринаесетгодишник загина во базен
Менувал гума на автомобилот, му украле 420 евра
Крадел во амбуланта, се повредил и бар��л помош
Дрвосечач загина во Велешко
Пијан тетовец претепал двајца специјалци
Таксист со нож нападнал патник

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.