Брoj 2685  среда, 14 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЛИЧНОСТ НА ДЕНОТ

Алекс Фергусон

Единствената причина зошто одредени луѓе, сигурно се во мал број, не му аплаудираат на Александер Чепмен Фергусон е тоталната заслепеност од омразата спрема Манчестер јунајтед. Друго, дефинитивно не постои.

Најпознатиот Шкот, кој никогаш ги нема заборавено своите корени и социјалистички вредности што ги научи во Клајд, една од своите најголеми победи ја оствари над својата сопруга Кети, кога против нејзина волја заедно се преселија во Англија за тој да седне на клупата на Јунајтед. Навистина, тоа не му успеа кога како играч го бараше Нотингем форест, но потоа и' врати. Но и Кети, која со Алекс има три сина: Марк и близнаците Дарен и Џејсон, вели дека тоа и' бил најслаткиот пораз.

Во своите 22 години на клупата на Јунајтед, Фергусон се промовираше во прв менаџер кој одвел некој англиски клуб во една сезона до титулите во Премиер-лигата, Ф.А. купот и ЛШ (1999 година) и кој има освоено 10. премиерлигашки титули и пет трофеи во Ф.А. купот. Некогашниот играч на Данфермлајн, кој кога во 1967 година преоминуваше во Ренџерс го собори трансфер-рекорд меѓу два шкотски клуба (65.000 фунти) не може да поднесе импровизација, недисциплина, лигавење, глума, аматеризам, а неговата „челична копачка“ и патентираниот „hairdryer“ (туширање со викање во лице) најдобро го почувствува Дејвид Бекам. (Н.К.)


Статијата е прочитана 457 пати.

Испрати коментар

Од: Ѓоко, Кавадарци
Датум: 14.05.2008 09:20:01
Сер Алекс Фергусон е пример за посветеност, чесност и професионалност кон она што го работи. Гледаме ли ние, учиме ли нешто од сево ова?
Од: Ѓорѓија
Датум: 14.05.2008 10:33:38
Абе, Алекс е цар. Ma и више од тоа, он е едноставно Сер.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Карикатура
Изборен терор
Битолски и прилепски камионџии малтретирани и тепани во Грција
Последно предупредување од ЕУ
Брисел се сомнева во европските амбиции на Македонија
Баксузни инкасатори
Машина или организам?
Неизвесно е дали ќе има ТВ-дуел Груевски - Шекеринска
Бензинот се' поскап - автомобилите се возат
Verbatim