Се тампонираат улици во Скопско Поле
Општина Гази Баба со тампонирањето на улиците ја подобрува сообраќајната мрежа во руралниот дел. Моментно се изведуваат работи на улиците „207“, „208“ и „209“ во населеното место Скопско Поле, а потоа ќе се тампонираат и улиците во Идризово, Јурумлери, Трубарево, Страчинци, Виниче, Црешево и Раштак. Градежните работи ги изведуваат фирмите „Трансмет“ и „Нела-ар“ Скопје.
|