Во населбата Автокоманда се урбанизира просторот околу зградите на улицата „16. македонска бригада“. Поплочени се вкупно 400 квадрати пешачки патеки во должина од 240 метри. Во тек е хортикултурно уредување на зеленилото во парковите и околу патеките, како и поставување хидрантска мрежа, урбана опрема и осветление. Сето тоа ќе ја чини општината 420 илјади денари. (Сн.К.)