Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

На хелиодромот во Карпош ќе се гради ТЦ „Меркатор“

Се шпекулира за можно партнерство со „Тинекс“, иако двете компании демантираат соработка

Деспина Трајковска

Словенечката компанија „Меркатор“ дефинитивно се пробива на македонскиот пазар. Веќе ја комплетира документацијата за добивање градежна дозвола за трговски центар што ќе го гради во Карпош, на местото на хелиодромот.

Иако во јавноста се шпекулира дека во проектот Словенците ќе влезат со локален партнер, па дури и ги врзуваат со „Тинекс“, сепак, од „Меркатор“ не сакаат да коментираат за можна соработка со македонскиот синџир маркети. Единствено велат дека секогаш се отворени за соработка. Речиси идентичен е коментарот и од македонската компанија. „Како секоја сериозна компанија и ние сме отворени за соработка. Меѓутоа, не сме преговарале за заедничка соработка со словенечката компанија за конкретниот проект“, тврди Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор во „Тинекс“.

Трговскиот центар „Меркатор“ ќе го гради на слободниот простор кај базенот во Карпош, на аголот на „Илинденска“ и „8 Септември“. По концепција ќе биде речиси идентичен како и другите трговски центри на компанијата во Љубљана, Загреб, Белград и во Сараево.

Иако инвеститорите од општина Карпош веќе добиле и локациски услови за градба, што им дозволува да ги вршат подготвителните работи на терен, сепак, со активности ќе почнат кога ќе ја добијат градежната дозвола.

„Во тек е подготовката на проектните задачи, по што ќе следуваат останатите неопходни процедури за добивање одобрение за градба. Очекуваме Општината, како и досега, да биде исполнителна во соработката и тоа да се направи навреме. Тоа значи дека се' уште не можеме ниту, пак, сакаме да калкулираме со времето кога би почнале со изградба“, објаснува Јордан Минов, директор на „Меркатор Македонија“.

Тој вели дека допрва ќе се прават пресметки колку пари компанијата ќе треба да и' исплати на општина Карпош по основ на комуналии и колку е вреден проектот, иако се шпекулира дека тој тежи дури 30 милиони евра.

Според Минов, засега најбитно е тоа што компанијата речиси по пет години, откако по нејзина нарачка Општината го донесе урбанистичкиот план, ги надмина проблемите со оформувањето на градежната парцела.

Инаку, во согласност со ДУП, површината на објектот во основа изнесува 20.000 квадратни метри, а ќе се гради на две нивоа, иако планот дозволува максимална висина од 15 метри, односно изградба до четири ката. Како и во трговските центри на „Меркатор“ во регионов, така и во овој, 20 отсто од објектот ќе биде наменет за хипермаркет, продавница за текстил од линијата „Модијана“, дуќан за спортска опрема „Интерспорт“, туристичка агенција што е сопственост на компанијата, игротека, продавница за козметика... На приземјето ќе има продавница за опрема за домаќинство, а на истото ниво ќе се наоѓа и просторот наменет за паркирање.

„Принципот за паркирање, како и содржините во маркетот и застапените дуќани за текстил, спортска опрема и друго, по автоматизам ќе бидат исти како и во останатите наши центри, бидејќи тие претставуваат дел од нашата основна понуда како трговска компанија. Во случајов, како и досега, отворени сме за соработка со други субјекти, што значи дека допрва ќе се договора и застапеност на други брендови и услуги во нашиот објект, а ќе се утврдува и бројот и начинот на издавање на дел од деловните простории“, вели Минов.

Пристап до трговскиот центар ќе има од две страни, од постојната улица што од „Илинденска“ води спрема спортската сала „Борис Трајковски“, како и преку но��опроектираната улица од спротивната страна, што ќе биде обврска за изведба на Општината.


#
Статијата е прочитана 1125 пати.

Испрати коментар

Од: Марко
Датум: 19.04.2010 08:21:11
Значи, конечно Велкови го отстапија просторот....
Од: mkd
Датум: 19.04.2010 09:29:09
Najdobra lokacija vo Celo Skopje e taa. Ima pokrienost na podracjeto na Skopje od skoro sekoj nejzin del,ima prostor-parking a i blizinata i nemoranje da go pominuvaat celo Skopje e mnogu privlecna i za Kosovarite koi mozat da bidat najgolemite trosadzii tamu. Kako i da e na Makedonija,na Skopje mu se potrebni golemi trgovski centri(so kompleks kina...) bidejki dosega NEMA a se ova dosega e imrovizacija.

Најди! во Утрински
Скопје
Нови канти за отпадоци во општина Центар
В среда штрајк на негувателките
Се поплочуваат патеки во Автокоманда
Се тампонираат улици во Скопско Поле
Асфалт на патот во село Инџиково