Негувателките од четири детски градинки на територијата на општина Карпош што се вработени со договори на дело, поддржани од вработени во останатите градинки, в среда, во 13 часот, ќе одржат протест пред Владата. Револтирани од игнорантскиот однос на надлежните тие ги повикуваат да им се придружат во протестот оние што се со нерешен статус на работниот однос.
„Нема одговор од Министерството за труд и социјална политика на барањето на 320 вработени во градинките со договор на дело. За нашиот проблем, освен правобранителот, се запознати и меѓународниот фактор и Хелсиншкиот комитет за човекови права и од сите имаме поддршка. А, што е најважно, целосно не' поддржуваат и родителите чии деца се згрижени во нашите градинки“, беше речено на вчерашната прес-конференција на штрајкувачкиот одбор. (С.Р.)
Jas sum roditel na dete vo preubavata gradinka Orce NIKOLOV I KOGA MOETO DETE KE GO ODNESAM TAMU SAKAM DA GO DOCEKA ZADOVOLNA , vesela i raspolozena negovatelka ili vospituvacka, a ne jadna nedoterana i utepana od grizi i siromastija.Vprocem takvi bea pred nekolku godini koga vo istata gradinka go nosev postarpoto dete. Sto e ova sega, gi gledam vcera jadni i sradni sobrani pred gradinkata , kaj rasplakani uste i pokisnati od dozdot.Dosta bese igranje so ovie luge i osobeno so nasite deca.
Од: roditel
Датум: 19.04.2010 13:10:43
Целосна поддршка за негователките од Карпош кои ги чуваат нашите деца.
Зарем договорите за дело се сеуште законски дозволен акт? или тоа го можат само државните институции?
Од: zagrizena majka
Датум: 19.04.2010 14:10:28
Moeto dete ne saka da odi vo gradinka veke podolgo vreme, kako rezultat na toa sto nema vospitacka. Zosto se dozvoluva decata da stradaat i da nemaat soodveten tretman vo gradinkite. I vo dvete golemi grupi vo Majski Cvet Taftalidje 1 nema vospitacki. Do koga ke se ignorira vakvata sostojba?