Деновиве почна асфалтирањето на патот „Јане Сандански“ во село Инџиково, во должина од 600 метри. Средствата што ги доби општината за ова намена се во висина од 560.000 евра. По завршувањето на работите во Инџиково ќе продолжи асфалтирањето на патните правци Раштак - Бутел и Брњарци - Стајковци. Градежните зафати ги изведува „Гранит“.