Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

Комуналните редари невидливи

И општините и Градот бавно вработуваат лица кои ќе го спроведуваат Законот за јавна чистота

Снежана Калабакова


И по речиси две години од донесувањето на Законот за јавна чистота, и натаму се фрла градежен шут на недозволени места, се перат килими и се мијат автомобили на улица. Комуналните инспектори и редари како да ги нема на терен. А, во некои општини, како што се Аеродром, Чаир и Бутел, навистина и ги нема, додека други штотуку вработија вакви лица.

Униформираните чувари на комуналниот ред требаше да бидат ангажирани најдоцна за шест месеци од наредбата што им ја даде градоначалникот Коце Трајановски на општините, уште во почетокот на неговиот мандат. Но, општините се бавни во исполнувањето на оваа обврска, ама, се чини, не му се брза ниту на Градот. Од Одделението за односи со јавноста велат дека Градот веќе ја усогласил подзаконска регулатива за да може да пристапи кон вработување комунални редари. Побарал согласност од Агенцијата за државни службеници и штом ќе ја добие, ќе распише конкурс. Трошоците за комуналните редари, во основа, се на ниво на платите утврдени со Законот за државни службеници.

Овие лица треба да носат службена облека и легитимација, која им ја потпишува градоначалникот на општината во која се работно ангажирани. За опремување на еден комунален инспектор со летна и зимска облека, чевли и капче, општините треба да издвојат околу 16 илјади денари. Бојата и кројот на униформата ја пропишува министерот за транспорт и врски и тој избрал таа да биде портокалова. Некои општини не се согласуваат со тоа, па ја проблематизираат нарачката и шиењето на униформите. Поради тоа, униформираните редари ги нема да прошетаат по општините.

„Од пред еден месец имаме ангажирано пет комунални редари кои ќе покриваат четири реони. За еден месец секој има напишано по десет казни. Тројца се лица од Општината кои претходно беа ангажирани со договори за дело, а двајца се примени од надвор. Сите полагаа испит за државни службеници. Им купивме зимски и летни чевли и кај приватна фирма нарачавме униформи“, објасни Звонко Смиљков, комунален инспектор во Општина Ѓорче Петров.

Во Општина Кисела Вода од крајот на октомври се ангажирани петмина комунални редари, а во Гази Баба двајца. Карпош има седуммина чувари на комуналниот ред, а во Општина Центар петмина почнале да работат во почетокот на месецов и сега поминуваат обука.

„Во изминатиот период редарите имаа обука и, во соработка со комуналните инспектори, изведуваа активности за спроведување на Законот за јавна чистота. Активностите беа околу делот на санкционирање на физички лица сторители на прекршоци, кој предвидува глоба од 50 евра и порамнување со општокорисна работа. Казнуваа граѓани за фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал, продажба и изложување на земјоделски производи на недозволени места... Во наредниот период ќе бидат ангажирани во акциите за подигнување оставени нерегистрирани и хаварисани возила на јавни површини“, вели Марјан Спасески, портпарол на Кисела Вода.


#
Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар

Од: stole
Датум: 08.05.2010 07:38:03
Komunalnite redari vo Opstina Karpos funkcioniraat i revnosno si ja vrsat svojata rabota. I pokraj izrecenite opomeni i napisani kazni gragjanite sepak gi pocituvaat i gi prifakaat nivnite soveti,opomeni pa duri i samite kazni zasto samite se svesni za storenite prekrsuvanja na zakonot za javna cistota.
Од: jovan
Датум: 08.05.2010 09:33:00
Za vakvite gletki vo Skopje komentari se pisuvani,kazuvani no izgleda nema korist od toa.A sakame metropola da go pravime,evropski grad da bide.Gradot ne e samo plostadot pa samo tamu da se gradi, koj i pred ovie raskopuvanja ne bese los.0javenata slika moze da se vidi na sekoja ulica do sekoja zgrada.Ulicite se so dupki i polni so voda ikal koga vrne,a prasina koga e suvo i toplo.Kontroli nema ili pk se selektivni.Taka ne se biduva metropola.
Од: od nadvor
Датум: 08.05.2010 10:47:04
Bidejki se pravat golemi napori i se davaat ogromni državni pari vo državni investicii (razberi - državni pari se tie, što se sobiraat od danocite na graganite na sekoja država a so tie pak se finansira sve vo državata, računajki gi i platite na državniot aparat) - za da se primamat stranskite turisti da go posetuvavat vo ogromen broj Skopje i MK- davam predlog: da se odredi specialna "turistička zona" , koja što ke go obhvati "turističkiot prostor"-so spomenicite, triumfalna kapija, žičara na Vodno, krstot na Vodno, mostot Oko itn. Taa da bide isčistena džam! i na sekoje k´oše tamu ke ima čisto, pedantno i moderno javno WC. Vo drugite mesta na Sk. i MK ke im bide zabranet vlez na turistite. Ljubezni policajci so prijatna nasmevka ke gi vrakaat nazad vo dozvolenata zona so napomena, deka na drugo mesto vo MK (znači, na 99,99999itn.% od teritorija na državata) nema ništo interesantno za niv. So toa ke se reši problem so zagubreno Skopje i MK... Pozdrav

Најди! во Утрински
Скопје
Се прави место за катна гаража на „Јужен булевар“
Хепенинг „Ја сакам Европа“
Се чисти Усјанскиот канал
Изменет сообраќаен режим поради маратонот