Се прави место за катна гаража на „Јужен булевар“
Од понеделник ќе продолжи уривањето на привремените објекти на „Македонски железници“ во близина на дисконтот на „Тинекс“ на „Јужен булевар“. Екипи на „Тера трејд“, ангажирани од Општина Центар, од завчера го чистат теренот за да се реализира ДУП „Стара железничка станица“, кој на тоа место предвидува изградба на катна гаража. Освен на оваа локација, за в понеделник е планирано и уривање на урбана опрема на неколку угостителски објекти во централното градско подрачје. |