Се чисти Усјанскиот канал
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве машински и рачно го чистат Усјанскиот канал и досега подигнаа 1.264 кубни метри смет. Машинското чистење се изведува со комбинирана механизација, скип-машина и две моторни пили, а рачното коритото се чисти со три пили за сечење нискостеблеста вегетација. Отпадот од каналот ќе се пренесе на депонијата „Дрисла“. Минатата година комплетно биле исчистени Водњанскиот и Инџиковскиот канал. (Мр.Т.) |