Изменет сообраќаен режим поради маратонот
Поради одржувањето на Скопскиот маратон, в недела од 8 до 14 часот по улиците ќе се вози со изменет сообраќаен режим. На повеќе линии по изменети траси ќе возат и автобусите на ЈСП „Скопје“.
Целосно затворени за сообраќај ќе бидат улиците „Димитрије Чуповски“, „Илинденска“, „Рузвелтова“, „Алфред Циборовски“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „11 Октомври“. Затворен ќе биде и дел од булеварот „Крушевска Република“ на потегот од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициската станица „Пролет“, потоа булеварот „3. македонска бригада“ во делот од семафорите кај ПС „Пролет“ до раскрсницата со улицата „Фрањо Клуз“, како и десната коловозна лента од булеварот „Јане Сандански“ во делот од „Тобако“ во правец кон Аеродром се' до раскрсницата со булевар „Србија“. Во неделната манифестација делумно ќе бидат затворени и десната коловозна лента од булеварот „Климент Охридски“ во правец од „Матица“ до семафорите кај Влада, потоа улицата „Љубљанска“ во правец од „Илинденска“ до семафорите кај „Партизански одреди“, како и улицата „Московска“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. (Сн.К.) |