Свети крави на Џорџ Харисон продаваат млеко во Велика Британија
Млеко од крави што се одгледуваат на фармата „Хари Кришна“, основана од членот на Битлси Џорџ Харисон, за првпат ќе оди на продажба
Најскапото млеко во Велика Британија што се произведува од крави што се одгледуваат на фармата „Хари Кришна“, основана од членот на Битлси, Џорџ Харисон, за првпат ќе оди на продажба. Млекото „ахимса“, што значи млеко произведено без да му биде нанесена штета на кое било живо суштество, потекнува од крави за кои се пушта музика додека рачно се молзат и се масираат. Пастеризираното млеко ќе се продава за три фунти по литар во продавниците околу Хароу, Лондон, каде што има голема хинду-заедница.
Сепак, монасите веќе преговараат со Асда и со Сеинсбери млекото да биде достапно во целата земја. Сита Рама Дас, директор на „Лотус траст“ што ја води фармата, вели дека и органските или другите млечни производи потекнуваат од фарми каде што животните се малтретирани, па дури и заклани. Млекото „ахимса“ ќе биде прв производ достапен за припадниците на хунду, според чии верски размислувања, тие не можат да му наштетат на кое било живо животно. Дури и „лактовегетаријанците“ јадат млечни производи, но само од животни третирани на хуман начин.
„Ова првокласно млеко ќе им нуди на потрошувачите можност да избегнат купување од индустријата што се базира на колење и страдање на животните, и наместо тоа, ќе купуваат од свежа, нова и милосрдна алтернатива“, вели тој.
Фармата за млечни производи има 44 крави, кои произведуваат 1.000 литри млеко секоја недела, иако се надеваат дека ќе се прошират, бидејќи побарувачката веќе ја надминува понудата. Наместо да се колат телињата, животните живеат „потполн и среќен живот“, влечејќи плуг низ полињата или воденици за мелење пченка. Кравите се молзат два пати дневно во штала каде што се пуштаат стари санскритски молитви преку звучник, освен ако не ги цицаат телињата. За да се смират разиграните јунци се прават масажи. Сите животни добиваат билни лекови во посебна ветеринарна болница кога се болни и се организира целосен хинду погреб кога ќе умрат од природна смрт.
Новите фарми ќе бидат официјално отворени од 30 свештеници облечени во шафрон и од јавниот обвинител Доминик Грив. |