Младотурци во Австрија го сакаат Хитлер
Виена - Младите имигранти во Австрија од труско и арапско потекло го симпатизираат Адолф Хитлер, покажа изненадувачкиот резултат на истражувањето што го објави виенскиот дневен весник „Остерих“.
Добрата вест е, истакнува весникот, што младите се интересираат за политиката, затоа што дури 80 отсто од нив учествуваа на минатите виенски избори.
Меѓутоа, драматичен е деталниот резултат од истражувањето на Институтот за истражување на младинската култура меѓу младите со имигрантско потекло во Австрија. Многу тинејџери од турско и арапско потекло имаат демократски дефицит, се утврди со истражувањето.
Најневеројатното сознание од истражувањето е дека 25,2 отсто од имигрантите со турско и арапско потекло се согласуваат со реченицата „Хитлер на луѓето им направи многу добрина“.
Уште подраматичен е ставот кон Евреите, бидејќи 46,6 отсто од младите Турци и Арапи имигранти сметаат дека „Евреите се уште имаат преголемо влијане врз светската економија“.
Меѓу нив посебно е забележлива одбивноста кон хомосексуалноста. Имено, дури 36 отсто од нив сметаат дека хомосексуланоста е неприроден начин на живот.
Авторот на студијата Берхард Хајнцмајлер е многу изненаден од резултатите на истражувањето. Според него, проблемот на сексистичкиот и антисемитски став е засилен од имиграцијата.
Овие млади луѓе живеат во авторитарно-патријархално опкружување, наведе тој како една од причините за ваквиот исход од истражувањето.
Хајнцмајлер истакна дека општеството мора да реагира на ова истражување и дека не смее да го толерира таквиот став. |