Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Во Ирак убиваат христијани, зар не?

Религиозно чистење: надбискупот Атанасиос Давуд од Лондон ги повика ирачките христијани да ја напуштат земјата

БАГДАД - Една недела по најсериозната катастрофа што ги погоди во модерно време ирачките христијани, католичката катедрала во централен Багдад каде се случија убиствата, повторно беше отворена. Со искршени прозорци и ѕидови оштетени од експлозиите и куршумите, објектот набрзина беше исчистен навреме за мисата во токму истиот час кога пред една недела нападнаа убијците.

Откако катедралата беше подготвена за својата прва миса по нападот, високиот ирачки свештеник во Лондон, надбискупот Атанасиос Давуд, ги повика ирачките христијани да ја напуштат земјата, бидејќи е премногу опасна. „Ако останеме, тие ќе не' убијат“, изјави тој за Би-Би-Си по обраќањето на конгрегацијата на ирачките православни христијани на мисата во Лондон. „Што е подобро - да се замине или да се остане? Да се биде убиен или да се биде жив? Но, кога велам ’заминете’, срцето ми е повредено“.

Меѓутоа, во Багдад и црковните лидери и христијанските политичари се едногласни во апелите до припадниците на нивните заедници да останат во земјата. Сирискиот католички бискуп од Багдад, Игнатиус Мети Меток, вели дека во минатонеделниот напад загубил половина од својата нормална конгрегација во неговата катедрала, што е веднаш до седиштето на диецезата. „Моите луѓе ми велат ’барате од нас да останеме по она што се случи? Тоа може да се случи повторно и кој ќе не' заштити?’“ рече тој. „Им велиме Црквата е против имиграцијата, треба да останеме тука, без оглед на жртвите, за да ја докажеме нашата вера. Меѓутоа, луѓето се човечки суштества не можеме да ги спречиме да си заминат“.

Христијанските политичари се бесни од сугестиите дека нивната заедница треба да замине и дека западните земји треба да ги отворат вратите за егзодусот од Ирак. „Ова е нашиот дом, со векови живееме со муслиманите, ова е нашата судбина и ние ќе останеме заедно“, вели Јонадам Кана, истакнат христијанин, член на ирачкиот парламент. „Ова се случува речиси паралелно на она што ни го прави Ал Каеда. Ал Каеда не' притиска да заминеме и вие не' притискате да заминеме. Тоа е против мојот интерес, против мојот народ, против мојата земја“.

Тој беше особено налутен од, како што верува, плановите на Франција, да покани 1.000 ирачки христијани да имигрираат во земјата. „Тоа е против интересите на христијаните, тоа ги поттикнува муслиманите против нас и тоа е оддалечување од европските вредности што ги гледаат луѓето како човечки суштества, а не како христијани или муслимани“, изјави тој.

Француската амбасада вчера организираше вонреден медицински воздушен мост за околу 40 повредени лица од нападот врз црквата и на лицата кои ќе ги придружуваат. Меѓутоа, францускиот амбасадор во Багдад, Борис Билон, инсистираше дека евакуацијата е чисто хуманитарна медицинска помош и дека одделната понуда за 1.000 визи за Ирачани, а не само христијани, е дел од европската програма, која датира уште од 2008 година.

Повеќе од 40 христијани се верува дека ги загубија животите кога безбедносните сили упаднаа во катедралата каде што милитантите држеа како заложници од вооружени лица кои ги активираа своите експлозивни појаси предизвикувајќи масакр.

Фадија Иса ќе ја напушти земјата со својот сопруг, нивните два сина и сестрата на сопругот, Самира, за да имигрираат во САД. Тоа не е одлука донесена без размислување поттикната од нападот врз црквата, иако тоа ја направи да и' е мило што заминуваат. Им беа потребни две години чекање за да ги добијат американските визи.

Од 2003 година христијаните во Ирак, кои живеат тука речиси 2.000 години, бројно се намалени од проценетите 900.000 од околу половина од таа бројка, иако не се води таква статистика. „Пред промената на режимот пред седум години, немавме масакри како овој“, вели бискупот Мети Меток. „Секако дека сме загрижени за иднината на нашата заедница. Без разлика колку да ги охрабруваме да останат, тие не прашуваат ’Дали можете да ни ги гарантирате животите’“.

Тој и други црковни лидери посочуваат дека не се само христијаните цел на напади и страдања. Два дена по нападот врз црквата, околу 90 лица беа убиени во серија експлозии во главно шиитски населби. Шиитски џамии, аџилаци и погребни церемонии, како и преполни пазари и улици честопати се цел на бомбаши. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 930 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 09.11.2010 23:25:52
Од каде сега вакви работи во Ирак се случуваат? Па нели Америте, потпомогнати од нашите припадници на АРМ, Слобода на Ирак му донесоа. И повеќе од тоа, Обама Нобелова награда за мир доби!

Најди! во Утрински
Свет
Свети крави на Џорџ Харисон продаваат млеко во Велика Британија
Највисокиот Исус се крева во Полска
Грција избегна предвремени избори
Граѓаните против нуклеарниот отпад
Младотурци во Австрија го сакаат Хитлер






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'