Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Граѓаните против нуклеарниот отпад

Блокадата на транспортот на нуклеарен отпад за време на викендот беше главна тема во германската јавност

На повидок е крај на блокадата на транспортот на нуклеарен отпад во Германија. Железничката композиција со која се пренесува радиоактивниот отпад од Франција и кој треба да биде складиран во германското место Горлебен треба да помине уште 30 километри до Даненберг. Таму контејнерите со атомски отпад ќе бидат претоварени на камиони кои ќе се упатат до привременото складиште во Горлебен.

Припадниците на полицијата во текот на ноќта не попуштија во активностите за отстранување на демонстрантите кои на шините крај Вендланд  поставија блокади со седење за да го стопираат транспортот на радиоактивниот атомски отпад кон складиштето во Горлебен.

Противниците на атомската енергија одговараа со повиците „Ние остануваме тука“. Сепак, полицијата трпеливо еден по еден успеа да ги отстрани од шините сите демонстранти.

Претходно синдикатот на полицијата соопшти дека дел од полициските службеници се повеќе од 24 часа на терен и се истоштетни. Блокадите со трактори спречија да биде извршена смена во полицијата.

Спорот и блокадата на транспортот на нуклеарен отпад за време на викендот беше главна тема во германската јавност. Многумина политички коментатори констатираа дека големите демонстрации, во кои дури имаше и насилство, не се само израз на незадоволство против складирањето атомски отпад во Германија, туку и протест поради атомската политика на владата на канцеларката Ангела Меркел и пред се' одлуката за продолжување на работниот век на атомските централи. Министерот за животна средина, Норберт Ретген, синоќа во телевизиско интервју уверуваше дека двете работи треба да се посматраат независно една од друга.

„Прашањето за складирање на високорадиоактивниот отпад се поставува целосно независно од прашањето за продолжувањето на работното време на атомските централи зашто ние веќе 40 и повеќе години ја користиме нуклеарната енергија од која произведуваме струја, што пак произлегува отпад за кој имаме обврска да го отстраниме“, истакна Ретген.

Министерот се осврна и на повеќечасовните судири во текот на вчерашниот ден меѓу противниците на транспортот на атомски отпад и полицијата, во кои беа употребени палки, солзавец и водени топови, а беше запалено и едно оклопно полициско возило:

„Ние го почитуваме правото на секој граѓанин да демонстрира за цел што смета дека е исправна, но за насилството како средство за политичка пресметка немаме никакво разбирање“, истакна Ретген. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 346 пати.

Испрати коментар

Од: boris
Датум: 10.11.2010 01:44:21
Леле,се плашам дека еден ден ова европјаниве ќе се свртат кон нас и ќе ни кажат: Ај и вие малку од нуклеарниов отпад да земете кај вас!

Најди! во Утрински
Свет
Во Ирак убиваат христијани, зар не?
Свети крави на Џорџ Харисон продаваат млеко во Велика Британија
Највисокиот Исус се крева во Полска
Грција избегна предвремени избори
Младотурци во Австрија го сакаат Хитлер






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'