Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Спорт

Најлудото рели по 32. пат

Роберт Димитриевски

Од 1 до 16 јануари Јужна Америка по трет пат во низа ќе биде домаќин на релито „Дакар“, најпрестижниот оф-роуд настан во светот, чиешто најново издание ќе биде 32. по ред. Вкупно 430 возила, од кои 183 мотоцикли, 146 автомобили, 68 камиони и 33 кводови, што е зголемување за речиси 20 проценти во однос на минатата година. Управувани од возачи од 51 земја, меѓу кои и 13 жени, тие две недели ќе крстосуваат низ беспаќата во Аргентина и во Чиле. Низ северните делови од двете земји, се' до границите со Болиција и со Перу, тие ќе поминат 9.500 километри, од кои околу 5.000 бодувани за натпреварот поделен на 13 етапи.

Првата етапа од Буенос Аирес до Викторија е замислена како еден вид запознавање на учесниците со тоа што ќе ги очекува во продолжението низ пустината Атакама, така што вистинската трка ќе почне од втората етапа на релацијата Викторија - Кордоба. Втората половина од релито ќе биде и најтешка за возачите, кои ќе поминат не само низ пустински предели туку ќе се искачат и на преслап Сан Франсиско меѓу Чиле и Аргентина, на 4.726 метри надморска височина!

Покрај со рутата, која годинава е позната како „каскада на боите“, организаторот се потруди и на технички план да го направи релито уште поизрамнето, посебно во мотоциклистичкиот дел. Елитата во оваа дивизија ќе вози мотоцикли со капацитет на моторот помал од 450 кубни сантиметри, што го зголеми интересот кај производителите, па КТМ се враќа и ќе се трка на рамна нога против Априлија, БМВ, Јамаха и Хонда.

Во категоријата на автомобили Фолксваген ќе атакува на хет-трик на „Дакар“ по победите на Јужноафриканецот Жиниел де Вилие во 2009 година и на Шпанецот Карлос Саинц лани. „Туарезите“ на Фолксваген се фаворити и годинава, ако се има предвид триумфот на Саинц на годинашното рели „Патот на свилата“ во Русија.

Сериозна закана за тимот на германскиот автомобилски гигант ќе му биде екипата на БМВ. Адут на конкурентската автомарка од Германија се „икс тројките“, но и трите нови „мини олфорс“, кои ќе дебитираат на релијата, придвижени од близначки турбодизел мотори.

Посебно внимание предизвикуваат и шесте возила на погон на алтернативни горива. Тојота во овој сегмент ќе учествува со два автомобила што трошат рециклирано стопроцентно масло за јадење. Француски проект, пак, ќе се претстави со хидроген/дизел хибрид, а останатите возила ќе користат тече�� гас.

На релито „Дакар“ ќе дебитираат 64 мотоцикли, 50 автомобили, 21 квод и еден камион. Родриго Андре Кабалјеро Алкајага, кој втор пат ќе се натпреварува во конкуренција на мотоцикли, со своите 20 години ќе биде најмладиот учесник. Јапонецот Јошимаса Сугавара (69) е рекордер по бројот на учества со 28 настапи во низа на релито „Дакар“.

Авантурата на тркала почна во 1977 година, кога Тиери Сабин се изгуби со својот мотоцикл во либиската пустина во текот на релито „Абиџан - Ница“. Откако беше спасен од екстремните песочни услови тој се врати во Франција со ветувањето себеси дека сопствената фасцинација од пејсажот ќе ја сподели со колку што е можно повеќе луѓе. Тој успеа да организира трка од Европа, преку Алжир до главниот град на Сенегал, Дакар, под мотото „предизвик за тие напред, сон за тие назад“. До терористичкиот напад во 2008 година, во кој загинаа тројца француски државјани и четворица мавритански војници, релито завршуваше во Африка, но во последните две години се пресели во Јужна Америка од безбедносни причини.

Минатата година Карлос Саинц ја доби долгата и напорна битка со упорниот Насер ал Атијах од Катар за почестите во категоријата автомобили. Разликата меѓу нив двајца од 2:12 минути е најмалата во историјата на релито.

Сирил Депре од Франција ја забележа својата трета победа кај мотоциклистите, Маркос Патронели победи кај кводовите, а Русинот Владимир Чагин со шестиот триумф кај камионџиите го израмни рекордот на Карл Лопре. Возачот на Камаз има 56 етапни победи!


#
Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Уште една спортска година за заборав
Челзи полесно дише, киксови на Арсенал и на Ливерпул
Отворањето на „Четири скокалници“ за Моргенштерн
Лејкерси ја прекинаа низата од три порази
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks