Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Спорт

Челзи полесно дише, киксови на Арсенал и на Ливерпул

Лондончаните не дејствуваат моќно, но по шест меча пост, конечно, против Болтон видоа како изгледаат три бода (1:0)

По шест меча без победа Чезли, конечно, виде што се три бода. Иако, актуелниот шампион повторно не изгледаше моќно (на полувремето беше испратен со свирежи), сепак, на крајот голот на Малуда во 61. минута се покажа доволен за малку задоволство.

Радоста, пак, на Арсенал поради победата над Челзи траеше само 48 часа. „Топчиите“ завчера во Виган одиграа меч под своите можности и на крајот испуштија два вредни бода. Арсен Венгер направи дури осум измени во составот што славеше над Челзи и таа коцка не му се исплатеше. Арсенал дури беше и во негатива во моментите кога на тревата имаше играч повеќе. Во 18. минута од контроверзен пенал (го одглуми Н’ Зогбија, а го реализираше Ватсон) домаќините го отворија резултатот. Аршавин со одличен волеј израмни на 1:1, а Бендтнер поентираше за водство од 2.1 по 45 минути игра.

Кога во 77. минута Н’ Зогбија му се внесе в лице на Вилшер и заработи црвен картон се чинеше дека Арсенал веќе ја заврши работата. Но, само три минути подоцна Скилачи си постигна шокирачки автогол.

По 18 дена пауза поради двата одложени меча Ливерпул, барем, според зборовите на Рој Хоџсон, беше гладен за натпреварување. Но, наместо бодови доживеа уште еден дебакл пред своите веќе гневни навивачи. Поразот од Вулверхемптон 0:1 го вжешти и онака запалениот аларм. Како и би било поинаку кога ќе изгубиш од последниот тим, кој до вчера абер немал што значи победа во гости. Инаку, тоа беше прв т��иумф за Вулверхемптон на „Енфилд роуд“ по 27 години. Единствениот погодок го постигна Вард во 56. минута, а разочарувачки е фактот дека Ливерпул можеше и подебело да биде поразен.

Ова беше трет пораз во четирите лигашки меча, кој значеше 12. место и само три бода подалеку од зоната за испаѓање. Затоа не чуди што на „Енфил“ ечеше името на Кени Далглиш.

„Ситуацијата на ’Енфилд‘ не е онаа препознатливата. Имаше проблеми со сопствениците. Кени тука е многу популарен, но не ја доби работата. Јас ја добив таа функција. Критиките што доаѓаат на моја адреса се рефлектираат и на тимот. Тажно е да се слушаат такви нешта, бидејќи се трудам да го дадам својот максимум. Факт е дека фудбалерите не играат како што порано играа. Време и навивачите да ни дадат поддршка да им вратиме на победите“, побара уште еднаш прошка тренерот Рој Хоџсон.

Резултати од 20. коло: Челзи - Болтон 1:0, Виган - Арсенал 2:2, Ливерпул - Вулверхемптон 0:1. Табела: Манчестер Ј 38 (-2), Манчестер Сити 38, Арсенал 36 (-1), Челзи 34 (-1), Тотенхем 33 (-1)...



АбрамовиЧ го сака Бенитез



Победата над Болтон од 1:0 не ги стивна шпекулациите дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, сака да се ослободи од Карло Анчелоти. Милијардерот, наводно, итно сака да донесе ново тренерско име, а прв на листата е штотуку избрканиот тренер на Интер, Рафаел Бенитез. Абрамович смета дека искуството на Бенитез во Премиерлигата, стекнато како менаџер на Ливерпул, може да им помогне на лондончаните да излезат од кризата.



БаскиЈците Ја совладаа

Венецуела, Алонсо исвиркан



Пред 40.000 сепаратистички расположените навивачи на „Сан Мамес“ во Билбао репрезентацијата на Баскија триумфираше над Венецуела со 3:1. Стрелци за домаќините беа Гурпегу, Лабак и Мунијаин, момчето кое пред десет дена стана полнолетно и кое повторно докажа дека е најголем миленик на Атлетик Билбао и баскијската репрезентација.

Тоа не може да се каже за најголемата ѕвезда во баскијските редови, Чаби Алонсо. Кога 29-годишниот играч на Реал Мадрид (матичен клуб му е Сосиедад) влезе во игра во вториот дел се соочи со силни свирежи, како и секогаш кога ќе ја допреше топката. На екстремните локални навивачи, очигледно, никако не може да им легне фактот дека тој игра за мадриѓаните и што освои титула светски првак со еднакво омразената шпанска репрезентација.

За време на мечот голем дел од навивачите беа облечени во националната зелена боја, а се вееја и баскијските знамиња и се извикуваа сепаратистички пароли.

Пријателски меч одигра и репрезентацијата на Каталонија предводена од Јохан Кројф. Таа оствари победа од 4:0 над Хондурас, а два гола реализираше напаѓачот на Барселона Бојан Кркиќ. Меѓу другите за Каталонија настапија и Валдес, Пујол, Бускец, како и тандемот на Еспањол Короминас - Гарсија...



Пасторе: Ги одбив Реал и Барса



Феноменалниот играч од средниот ред на Палермо, Хавиер Пасторе, е на мета на најголемите клубови, но тврди дека ги одбил и дека сега засега сака да остане во Италија.

„Вистина е, ги одбив понудите на Реал и на Барселона, но и повикот на Карло Анчелоти да заминам во Премиерлигата. Чувствувам дека ми недостасува уште нешто за да заминам во така важен тим. Во Палермо ми е добро и постојано напредувам. Навивачите ме сакаат. Имам 21 година и може да останам уште една две сезони“, изјави Пасторе, кој во Палермо го оценија на 70 милиони евра.



За напаЃаЧот на фудбалерите

на Того 24 години затвор



Судот во Ангола реши едниот од напаѓачите на автобусот со репрезентацијата на Того, Зоао Антонио Пуати, да го осуди на 24 години затвор. Како што е познато, нападот се случи кога репрезентацијата патуваше на годинашниот Куп на афрички нации. Притоа беа убиени три лица, од кои двајца беа членови на делегацијата, а повредени беа резервниот голман Обилале Коси и стоперот Серж Акакпо. Автобусот беше нападнат на границата меѓу Конго и Ангола, во близина на провинцијата Кабинда која од 1975 година имаше проблем со сепаратистите, борците за самостојност на Ангола.



Мурињо со пресврт

против АнтиЌ



Во хуманитарниот меч „Шампионите за Африка“ што беше одигран под покровителство на УНИЦЕФ на стадионот на Атлетико Мадрид екипата на африканските фудбалери што настапуваат во Шпанија му донесоа на својот тренер Жозе Мурињо победа од 3:2 над селекцијата на Примера, која ја предводеа Радомир Антиќ и Мичел.

Иако, Рамос и Уче донесоа водство од 2:0, сепак, со головите на Вакас, Кавани и Бодипо „Африка јунајтед“ стигна до победа.


#
Статијата е прочитана 993 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Уште една спортска година за заборав
Отворањето на „Четири скокалници“ за Моргенштерн
Најлудото рели по 32. пат
Лејкерси ја прекинаа низата од три порази