Конфликтот физички и воено е завршен, ама не сум сигурен дека можеме да кажеме оти не постои опасност она жарче што тлее да се разгори
Дебатата насловена „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“ под покровителство на фондацијата „Сорос“ е провокативна можност да се изнесат многу мислења во кратко време. Во два дена седнаа на маса личности што таа година се гледаа низ нишан. Еден дел од нив политички ја водеа државата во тоа време, а дел од нив и сега се на власт. Денешнава коалиција, односно Владата, составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, односно поранешната УЧК, во тоа време и во најоптимистичките предвидувања ќе беше невозможно да се замисли. Но, како што може да се види, и тоа било возможно.
Зошто го наведувам ова? Од проста причина што се' уште не се јасни причините за војната во Македонија, досега немало поопширна и поопстојна дебата за тоа што се случи, нема одговори кои ги бара македонската јавност, што, сепак, на политичките елити не им пречи да се најдат на половина пат, да се договорат и да владеат. Од друга страна, сите ние, бидејќи власта, нејзиниот македонски дел, односно претставниците на ДПМНЕ не присуствуваат што е непишано правило кога станува збор за „Сорос“, сме изложени на ризик да се најдеме на списоци на предавниците, како и да ни биде и реално загрозен животот. Кој мисли дека ова не се сериозни констатации нека се потсети на случајот на Љубе Бошкоски, неговото распнување на крст по нарачка, како и на експлозијата на автомобилот само неколку дена подоцна на стотина метри од полициска станица на негов роднина, случај, за кој до денеска нема официјално известување од полицијата кој стои зад тоа.
Значи, и реално сме во опасност со нашето ставање на списоците на предавници да бидеме загрозени. Па, сепак, мислам дека дебати од ваков тип не смее да се пропуштаат само затоа што во некаков партиски врв се донела одлука за игнорирање. Оти, колку и да е тешко или непријатно соочувањето со, условно кажано, довчерашните непријатели, сепак, зборовите се цивилизациско достигнување на човекот и, ќе се согласите, помалку болат од куршумите.
Дали конфликтот во Македонија е завршен е едно од прашањата на кои што се обидуваме до денеска да дадеме одговор. Физички и воено да. Ама не сум сигурен дека можеме да кажеме оти не постои опасност она жарче што тлее да се разгори. Архитектите на управувањето со јавното мислење можат во секој момент да одлучат дека е корисно за некои цели да се долее масло на оган. Ако, на пример, се забележи дека паѓа рејтингот, секогаш лесно може да се испровоцира, односно да се исценира конфликт, да речеме за јазикот. Тоа е прашање кое со години провоцира, создава неволји. Сите се чувствителни кога станува збор за јазикот. Па така, ако само малку посилно се притисне по оваа линија, веднаш се создаваат реални можности за конфликт. Потоа, со притискањето да се оствари желбата на вождот за црква во центарот на Скопје, исто така, се создава солидна почва за продолжување на конфликтот. Оти денеска е во мода да си верник, без разлика дали си Албанец или Македонец.
Тоа им е познато на многумина. Секојдневно се прават истражувања на таа тема. И затоа може во секој момент без проблем да се подигне поголема маса луѓе. Да потсетам на тепањето на студентите на плоштадот од луѓе кои дојдоа со црковни знамиња. Притоа, не е многу важно што тоа беа и знамиња на грчката православна црква. Важно е што беше истепана македонска интелигенција, како што е важно да се знае дека тоа може да му се случи секому и насекаде по улиците. Знаејќи ја експлозивноста на темата, сеќавајќи се на 2001 година, власта тврдоглаво ја тера оваа агенда, внимателно подигајќи го и спуштајќи го пулсот на јавноста, според дневните потреби. Да потсетам дека и поради ова силување се појавија сериозни барања да се изгради и џамија на плоштадот. Со тоа овој простор би се претворил во КОЛОСЕУМ, во кој би се пренел сосема веродостојно конфликтот од пред девет години.
Наивно е да се мисли дека не може да се пресмета опасноста од овие потези, па, сепак, тврдоглаво се продолжува натаму. Тоа ме наведува да мислам дека конфликтот не само што не е завршен, туку е и иманентен, но и пожелен за владејачките елити како алатка за држење, продолжување или, пак, освојување на власта. Затоа треба жестоко да се спротивставиме сите ние на она што се пораѓа пред наши очи. Мораме гласно да кажеме без оглед на последиците дека луѓе умреа за ништо. Дека нивните семејства не можат да ги разберат денешните комбинации, дека тоа не можеме сите ние да го разбереме. Конфликтот може да заврши само на маса, со отворени карти, со голтање кнедли, со конфронтација на мислења. Не со криење по кабинети и одбивање соочувања. Оти, ако денешното ДПМНЕ решило на овој начин да владее со подгревање конфликти, со криење, а истовремено со коалицирање со ДУИ, имаме проблем...
Мене ме сметаат за националист, господинот Милчин во 1997 година во колумна ме опиша како фашист, па сепак тука сум. За да си кажам што мислам, за да покажам со личен пример дека луѓето може да се менуваат, да се подобруваат и да бараат заедничка цел. Бидејќи мој заклучок е дека помирувањето не се случи или, пак, не е случено на здрава основа, предлагам поотворено да се бара тоа. Да се удвојат напорите од оние што и' мислат добро на Македонија и да се придвижат процесите во позитивна насока.
Објавувањето на комплетот книги од „Сорос“ е и тоа како храбар потег. Мене ми боде очи кога ги гледам симболите на УЧК, ме потсетува на бедата, солзите, мртвите Македонци. Сигурен сум дека слично мисли и другата страна. Но, како што реков, потегот е храбар. Ми се чини дека нема бура по тој повод само затоа што во нашата држава малку се чита. Сепак, сведоштвата се тука. Објавени. Цела едиција. Сигурно допрва ќе има уште книги. Нека има. Ќе повторам, подобро книги и вербални расправии, дискусии отколку мртви и ранети. И јас самиот објавив книга на таа тема. Во далечната 2003 година. Таа беше една од првите по конфликтот, која изрази емоции и револт. Сега гледам дека сум имал право на револт. За што се војуваше? За што се гинеше? За власт!
Како тоа да им се објасни на семејствата на учесниците во војната. Од двете страни. Како тоа да и' се објасни на целата нација?
Producirenje na konflikti e proveren nacin za svojata nesposobnost da se obvinuva nekoj si nadvoresen neprijatel i igrajkji na kartata na patriotizam da se zadrzi vlasta, kolku sto moze podolgo. Konfliktot za nasledstvoto na Anticka Makedonija e isto namerno isforsiran i e bezmislen. Pred 2,3 iljadi godini nemalo nacii. Vo vremeto na Helenizmot za Grci vazele site, koi se izrazuvale i odnesuvale kako grci, imale isti nacin na ziveenje, veruvale na grckite bogovi i komunicirale na grcki, nezavisno od toa dali ziveele vo Egipet, Sicilija, Dolna ili Gorna Makedonija. Site ostanali bile varvari.
Од: Пацифист
Датум: 23.01.2010 01:16:06
Браво за вас Г. Петровски што ова сте го заклучиле откако сте ја разработиле визуелно 2001 година!!!
Ова е најубавата мисла која ја имам досега прочитано од вас, нормално е од индуктивен карактер и се надевам не е и таа една од многубројните флоскули кои ги красат вашите колумни :
- “За да си кажам што мислам, за да покажам со личен пример дека луѓето може да се менуваат, да се подобруваат и да бараат заедничка цел“.
Филантропијата и алтруизмот се вашите идеали?!
Од: Виктор
Датум: 23.01.2010 03:45:21
Браво бе Филип, беше еден од ретките што не молчеа кога се тепаа студентите на плоштад и морам да признаам се согласувам со тебе, овие кич национализам (и мак. и алб.) и овие кич православие и ислам ќе не закопаат и остават во XIX век.
Од: spaski
Датум: 23.01.2010 05:38:27
Filip sve poveke sozresvas za lider samo taka prodolzi ima nesto vo albancite koji ne ja cuvstvuvaat makedonija kako zemja na pravoslavieto prvo go sakale toa tie ili ne toa e makedonija. Ne mozi da albaniziraat poprvo turcite koji se poprimerni sto pati makedoncite bi sklucile pakt kako da se balansiraat rabotite.Kolku e ignoranstkoto ponasanje na albancite ke gi dovedi ovaa nacija da bide otfrlena od cel zapaden svet a balkanot so sigurnost ke bide mnogu skoro ako prodolzat so nivnite "malcinski Prava" gi preminuvaat site granici na normalata. Za makedoncite ovaa makedonija e edintvenata tie toa NIKOGAS ne treba da go zaboravat ako se sprotivstvaat i pocnat iskricenja toa ke bidi kraj na niv i na kosovo i na site albanci vo makedonija ovaa e mojata poraka. Ovojpat nikoj nema da im pomogne,naprotiv.
Од: Strana Gledano
Датум: 23.01.2010 07:56:44
Slepo po patekite na Ljubco Georgievski!
Од: Trajko Stojmenov
Датум: 23.01.2010 08:20:43
Pocituvan g-dine Petrovski, vo pravo ste koga velite deka sekoe zarce sto tlee moze da se razgori. Bidejki i modernata svetska istorija, vklucitelno i nasata bila svedok na "zarcinja", nikoj ne smee da ja iskluci moznosta od novi tenzii i ognovi. Vlasta ne smee da ja igra ulogata na pozarnikar, tuku treba da deluva navremeno i preventivno. Prasanje e dali aktuelniot mozaik od koalicioneri ima kapaciteti da prevenira, bidejki megju niv ima i poznati piromani, no uste poveke zagrizuva sekojdnevieto koe samoto po sebe e golem zar. Zatoa, Vie od opozicijata i nie veke mnogupati opozarenite treba da go zatrupame ednas za sekogas zarot koj, a toa e sigurno, ke ne izgori site zaedno. Veruvam deka znaete deka i makedoncite i albancite i ostanatite nasi gradjani se zagrizeni od "cekorite" na portokalovite, cija boja so pravo asocira na pozar.
Од: zulu
Датум: 23.01.2010 09:49:03
Ne deka go obicam filip i ljube mnogu, ama stvarno novive vmrOVCI mnogu brzo gi zaboravija UCK i nivnite zulumi nad makedonskiot narod, ta sega se gusnale kako nisto d ne bilo...kolku sto se sekavam nikolce nitu glumese nitu se prepravase deka e patriot ta ne sakase da se pozdravue so ahmeti..SKANDAL
Од: SPIRIDON
Датум: 23.01.2010 10:37:30
Voa Filipčeto iznenaduva me.Asli "sorosoid".Stanuva mi simpatično,razbira se ako ne mu e voa ulizuvanje,spremanje za vremeto šo ide,a pokaža se,unazad,deka deteto ima oset za "utre",so štrajkuvanjeto,so partiziranjeto,so bizniso u "Kiro Fetak",so Amerikata,so ... Ama ako se menja na poubavo neka mu e so sreka,samo mora da znae deka menuvanjeto treba da e od srce,za da bide on zadovolen so sebe,a razbira se i nia.Ima pravo za konflikto.Samo so dobra misla,na masa,so otvoreni karti,šo bilo bilo,oti bolkata za izbenoto e gulema,ama da se znae zašo bilo taka.A Nikolčo ja prae vaa rabota so "antikvizacijata" oti taka e vaspitano deteto,domašno mislam,a i ima si kompleksi,frustracii šo bi rekle,pa poznava mu se,ama te narodo go,bira pa sea ke aluva.A i saka da i udovole na majka mu,te stanove mu kupi ženata,red e da i gi ispune želbite,od egejskoto,ama ne na grbo na narodo.Ne liče.Ne e ubavo.Doma šo saka neka naprae,i Aleksandar,i Filip,i Olimpija,site na konji da gi kače,ama doma,u dvoro.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.01.2010 11:19:59
Веродостојноста на оваа трибина ја градат нејзинити учесници, кој види богати сите одред се незадоволни од оваа власт од разно-разни мотиви.Но едно ми падна во очи што присатниот експремиер и ваш некогашен преседател на партија разглаба за меѓуетничката толеранција или нетолеранција.Тоа е истиот тој премиер кој себеси а и нас не замери со САД и ЕУ со изјавата да тие се иницијатори на конфликтот плус и предлогот за етничка раздвоеност промовирани 2001 год.Е сега каде ја гледате веродостојност на оваа трибина.Можам да ви набројам уште дузина контра аргументи кон учесниците, но просторот за пишување не дозволува.
Од: ucesnik vo 2001
Датум: 23.01.2010 14:05:37
Ti li najde da zboruvas za 2001 godina!!! Prvo prasaj se sebesi "kade bese vo 2001 g. koga i bese potreben na Makedonija?, koj e tvojot pridones za Makedonija?", a potoa zaprasaj se zosto se sluci konfliktot vo 2001. Prasaj gi tvoite mentori, posebno ovoj posledniot kako od razgaleno detiste se stanuva kvazi politicar itd .....
Од: Бато
Датум: 23.01.2010 15:33:02
Во минатото се прашував како во едно младо момче може да се собере толку гнев и да се негира се` што е прогресивно во едно општество.Од денешна дистанца ,навистина имаш доблест да ги признаеш грешките ,а тоа во нашата Света вера е највозвишено ,која не учи да се покајуваме (признаваме) и да проштеваме.ПРИЈАТЕЛОТ НА ШУТРАЦИТЕ(ФЕЛИКС???) те прашува за веродостојноста на трибината а „дезертерите„ од партијата што ја воспева не се ни појавија со збор да демантираат,или да кажат свој став.Така ја свакаат демократијата, само со плукање. Навистина зборовите помалку болат од куршумите,но на крај сите седнуваат на „софра и јадат„ тоа што ни на душманот не би му го понудиле.И Георгиевски во неколку наврати кажал во минатото политички грешел.Има една мисла која вели ,кој признава кога и каде греши ,тој секогаш се поправа!
Од: ivo
Датум: 23.01.2010 15:52:44
Ubavo cetivo! I Velinovska i Rusjakov imaat po edno "dobro stivo" deneska!I Bilali imase dobar tekst ! I Zarkovcite se dobri! ...I ...drugi ima vo faza na spoznavanje na sustinata na sporot. Ama sto fajde? Komu!?Ah, da , ima CITADELI, pocituvan doktorande po megjunarodna!